
Џебната Венера блеска при секое свое појавување, со совршени комбинации од главата до петиците, под кои неретко се забележуваат чевли со потпетици од 12 сантиметри.
Eva повторно го покажа својот беспрекорен женствен стил во тоалета од Victoria Beckham во понеделникот на настанот Glamour Reel Moments. Овој син коктел фустан имаше интересна линија кај деколтето и должина до колената.
Џебната Венера блеска при секое свое појавување, со совршени комбинации од главата до петиците, под кои неретко се забележуваат чевли со потпетици од 12 сантиметри.
NotForMen препорака: Изглед на денот: Eva Longoria во Cushnie et Och
Слика 11: Eva го донесе сиот гламур на црвениот тепих со црна тоалета од Zac Posen. Изразеното деколте, тесниот крој, кој на крајот завршува со големо проширување и драматичниот пад по земјата не можеа, а да не привлечат внимание.
Слика 12: Таа изгледаше прекрасно на доделувањето на SAG наградите во уникатен фустан во бојата на слоновата коска. Дискретните обетки и сребрената плик-чанта и дадоа посебен шарм.
Слика 19: Во една пригода Eva Longoria се појави во фустан без прерамки во бојата на коралот. Црвениот колан и салонките во крем боја го комплетираа нејзиниот минималистички изглед.
Погледнете ја прекрасната „очајна домаќинка“ во 25 комбинации, секојa една од нив сведоштво за нејзиниот софистициран стил.















































