
Во една пригода се појави во пастелно жолт фустан со забавен дизајн.
Стана навистина тешко Lady Gaga да го шокира светот со нејзиното екстремно чувство за мода. Можеби токму затоа оваа кралица на ексцентричноста го смири стилот при нејзината посета на London со разиграна серија на креации.
Погледнете ја нејзината колекција богата со бои во кои блесна на лондонските улици.
Lady Gaga се одлучи за изгледот за чајанка со белата креација со забавна текстура од Aquilano Rimondi. Кој рече дека реквизитите не можат да бидат дел од гардеробата?
Таа со себе носеше шолја за чај со тацна со нејзините бели ракавици, а шармантниот изглед го комплетираше со низа од бисери.
NotForMen препорака: Lady Gaga запрепастува во Sydney
Gaga ја покажа својата ретро страна со розова маица со разиграни ракавчиња. Неа ја искомбинира со кусо црно триаголно здолниште, кожени ракавици и мачкести црни очила.
Во една пригода се појави во пастелно жолт фустан со забавен дизајн. Чудниот фустан беше комплетиран со нејзините чевли на многу висока платформа.
Погледнете како уште Gaga чекореше по улиците на London:















































