bar00Најпознатата руска жива барбика
Valeria Lukyanova е вистинска интернет сензација во нејзиниот роден град во Russia.
lindzi113 комбинации на Lindsay Lohan од судницата
Поминува многу време во судницата во јужна Калифорнија, па затоа и се труди да изгледа прекрасно.
skaraScarlett Johansson женствена на премиерата на...
Актерката го игнорираше  дождот и се појави во сладок цветен фустан и црвени потпетици.
bra00Најдоброто од Brangelina
„Ние сме мама и тато во пижами и поставуваме маса за 8 луѓе, а Brad ме знае комплетно и ме сака.“

8 ретро фустани и 4 совети од Taylor Swift

tejlordress

На вашите комбинации им е потребен сјај, па така облечете блескави потпетици или ставете блескави модни додатоци.

Taylor Swift има модна „мудрост“ многу над нејзините години. Младата кантри ѕвезда веќе има свој препознатлив стил и ги избегнува модните трендови држејќи се за класичниот стил кој сепак одговара на нејзиниот младешки дух.

Нејзината главна гардероба? Педесеттите и сјајните тоалети до колената.

 

NotForMen препорака: Нежноста на Taylor Swift во 7 изданија

 

Taylor ја знае моќта на истакнатиот тенок струк и здолништата и на нежноста надополнета со црвени усни и ретро златести локни. Сепак таа е доволно свежа и модерна во секоја пригода.

Еве ги нејзините совети за совршен ретро стил:

Покажете ги колената!

Долгите фустани знаат да оддадат впечаток на развлечена, а вие треба да бидете мила. Облечете кусо здолниште, но сепак со пристојна должина за свеж и малку флертувачки изглед.

Додадете искра!

На вашите комбинации им е потребен сјај, па така облечете блескави потпетици или ставете блескави модни додатоци.

Истакнете го струкот!

Ставете колан околу струкот или кројот на вашиот фустан нека биде таков што таму ќе биде фокусот. Совршената фигура никогаш не излегува од мода.

Играјте си со храбри црвени усни!

Нежниот тен зачинете го со доза на боја, како црвен кармин на усните кој ќе ви даде здрав и ретро изглед. За дополнителна женственост користете плик чанти и чевли со високи потпетици и отворени прсти.

     




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Посегнете по скриените финансиски резерви и реализирајте си ја желбата која ви се врти низ глава во последно време. Ова е ден за задоволства и уживање!

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Некој друг ќе ви пресуди денес без да имате право на глас. Не предавајте се веднаш, побарајте помош од пријател кој ќе ви обезбеди територија за делување.

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Некој важен настан треба да се случи денес. Облечете го најубавиот фустан и подгответе се за свеченоста, некој важен од минатото може да биде таму.  

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Искрено кажете се што мислите, не можете постојано другите да ги ставате пред себе и да чувствувате кнедла во грлото. Бидете отворени и искрени, дури тоа да значи и суровост!

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Потребен ви е вистински скок за да излезете од денешната замрсена ситуација. Соберете енергија за да можете да се справите, ако не почекајте до утре.

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес сте во центарот на љубовните случувања, неколку мажи се многу заинтересирани за вас или пак вашиот партнер ве опсипува со внимание и романтика. Уживајте!

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Вратете се во колосек преку средување на вашиот роковник. Прецртајте ги неважните обврски и направете си слободно време за себе.

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Се се врти околу вашите ненаситни желби денес. Вршите притисок врз семејството, врз партнерот, врз пријателките, време е да го смирите темпераментот малку!

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Денес заведувајте на секој можен начин, ова е денот кога имате прилика за флерт кој може да прерасне и во нешто повеќе од тоа. Дали сте подготвени за врска?

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Кога престанавте да се трудите околу работите кои ви се важни? Време е да се сконцентрирате повторно на целите!

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Полека закрепнувате од неодамнешната емоционална повреда и одново тргнувате во поход. Сега со научена лекција, работите ќе бидат полесни.

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Исполнети сте со позитивни мисли, браво! Сега уште да ги споделите со луѓето и ќе бидете најдоброто што им се случило во псоледно време.

20-05-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

За да те сакаат мажите најважно е да си...
 
baner-28-1d