
Моделите чекореа по пистата на звуците од нејзините песни, задржувајќи го нејзиниот препознатлив потпис – кошницата во косата и стилот од 50-тите.
И додека дизајните на Jean-Paul Gaultier често се поврзани со поп пејачката Madonna, овој пат тој имаше друга музичка дива како инспирација. Дизајнерот го направи своето шоу во чест на неодамна починатата Amy Winehouse.
Моделите чекореа по пистата на звуците од нејзините песни, задржувајќи го нејзиниот препознатлив потпис – кошницата во косата и стилот од 50-тите.
Во колекцијата имаше многу тесни здолништа и корсет фустани, еден модел позираше дури и со цигара.
Уникатниот стил на Amy секогаш имаше поделено место кај критичарите, едните ја обвинуваа за „развлечен“ изглед, а другите ја прогласуваа за модна икона. Пејачката имаше и една соработка со еден од нејзините омилени брендови, Fred Perry.
NotForMen препорака: Amy Winehouse ретроспектива низ 21 фотографија
Францускиот дизајнер Gaultier ги задржа препознатливите струкираните кроеви и точките.
Фановите на Amy Winehouse беa очајни кога таа почина во јули 2011 во London на 27 годишна возраст. И покрај првичните извештаи за предозирање со дрога, докажано беше дека таа се испијанила до смрт. Во нејзиниот систем било пронајдено 5 пати повеќе алкохол од дозволеното. Но нејзиното име живее заедно со нејзиниот албум Back To Black, кој е најпродаваниот британски албум во 21-виот век.
Погледнете дел од колекцијата:
.gif)





















.gif)























