
Бојата на нејзиниот шал врши голема улога во нејзиниот целокупен изглед.
Blake Lively e eдна од оние славни личности кои секогаш успеваат да изгледаат одлично. Студот не успеа ни малку да украде од нејзиниот стил.
Еве како изгледа таа на улица во едно сосема обично зимско попладне:
NotForMen препорака: Стилот на Mlake Lively
ШАЛОТ
Бојата на нејзиниот шал врши голема улога во нејзиниот целокупен изглед. Тој навистина убаво ги истакнува нејзините бебешко сини очи и совршено ја дава потребната зимска нота.

КАПУТОТ
Црн е, топол, и ја истакнува силуетата и има забавна текстура. Но да бидеме искрени во комбинација со црните хулахопки и чизми изгледа малку здодевно. Па од каде е тогаш магијата?
Токму монотонијата на црното прави вашиот фокус да падне на сината боја.

ЧИЗМИТЕ И ЧАНТАТА
Вистинска Bond девојка во овие чизми на висока потпетица. Можеби малку потешко ќе испешачи до одредената дестинација, но тоа е навистина мала цена да се плати.
И тука е чантата која совршено одговара со шалот и на некој чуден начин прави пак да погледнете кон него. Стратегиски одбрана модна комбинација која функционира, затоа што сакате да ја погледнете уште еднаш и уше еднаш.

Дали и вие се потпирате олку многу на моќта на аксесоарите?
.gif)





















.gif)























