
Nicole Kidman се појави во фустан од Elie Saab во кој ја истакна својата витка фигура.
Ако таму имаше некој кој го одземаше здивот во раскошна тоалета тоа беше Војвотката од Кембриџ. На последната станица во турата низ Северна Америка, младиот брачен пар го посети Hollywood по повод настанот BAFTA Brits to Watch Gala, организиран во нивна чест.
Жителите од А-листата на градот присуствуваа на настанот за да се дружат со аристократијата, но некои можеби и по грешка ја добиле поканата. Погледајте ги најдобро и најлошо облечените гости на настанот.
Kate Middleton беше кралицата на балот во прекрасна бела тоалета од Alexander McQueen. Фустанот ги истакна нејзините атлетски раменици, додека белата трака ја стави во центарот на вниманието нејзината тенка половина. Обетките и сребрената нараквица го комплетираа нејзиниот изглед.
Nicole Kidman се појави во фустан од Elie Saab во кој ја истакна својата витка фигура, а црвената коса нормално е неизоставен дел од нејзиниот изглед.
Секогаш сме изненадени од драстичните разлики помеѓу уличниот стил на Jennifer Garner и нејзините елегантни изданија за црвениот тепих. Фустанот на едно рамо, убавата фигура и негуваната кожа, дури и без наборите на колковите, ќе беа сосема доволни за оваа свечена пригода.
Погледнете ги останатите.
.gif)





















.gif)























