
Бакнежот меѓу Britney и Madonna се случи токму на доделувањето MTV наградите.
MTV Video Music Awards 2009, беа пресудни за љубовната конекција на Katy Perry и Rassell Brand.
По краток флерт, Brand кој настапуваше заедно со својот бенд изјави дека бидејќи Katy Perry не добила ниту една награда ќе и треба рамо за плачење, доживуваjќи се како вистински победник таа вечер.
По шоуто, тие станаа синоним за неразделна двојка. По само три месеци се свршија, а судбоносното „Да“ пред олтар го изговорија по една година од нивното запознавање на MTV наградите.
Музичката соработка меѓу поп кралицата Madonna и некогашната тинејџерска атракција Britney Spears, на MTV беше запаметена по страсниот бакнеж што се случи во 2003 година.
Првиот експлицитен настап на Madonna се случи во 80-ите години и речиси 20 години подоцна, таа ја потврди својата желба за поинакви перформанси.
На сцената излезе од огромна свадбена торта, танцуваа заедно со Britney и на крајот од настапот се случи мега популарниот бакнеж меѓу двете жени.
Камерите веднаш го пронајдоа Justin Timberlake кој не беше ништо помалку шокиран од останатата публика.
Lady Gaga, на крвениот килим на MTV наградите во 2010 година, на публиката им овозможи несекојдневна контроверзна глетка.
Нејзините крвави перформанси беа последица од облеката од живо месо.
Таа подоцна изјави дека, нејзиниот фустан од живо месо всушност бил со политичка позаднина, а злобниците тоа го искористиле против неа. Таа изјавила дека треба да се бориме за сопствените права против политичарите, во спротивно истото би се случило со месото од нашите коски.
Погледнете кои од останатите познати допринесоа за незаборавните моменти од MTV Video Music Awards.
.gif)





















.gif)























