
Покрај редовните обврски, Kim се појавува како судија-гостин во модното шоу на Heidi Klum, Project Runway.
За девојка која се шегуваше на доделувањето на Emmy наградите дека не го знае значењето на зборот „работа“, Kim Kardashian е зафатена жена!
Погледнете како ѕвездата на реалната телевизија го поминува своето време кога не чекори по црвениот тепих и не го промовира семејниот бренд.
НЕЈЗИНИОТ ИЗГЛЕД
Прекрасната коса на Kim не е случајност. Таа редовно ја потшишува и бојадисува во најдобрите фризерски салони во L.A. и New York, па не е ни чудно што секогаш изгледа совршено.
Како и секоја млада невеста така и Kim обожава купување на секси долна облека. Неодамна таа одбра неколку ултра секси парчиња од Agent Provocatuer, омилената продавница за долна облека на сите ѕвезди.
За нејзиното тело, покрај гените, заслужен е и напорниот тренинг. Таа заедно со нејзиниот нов сопруг Kris Humphries редовно посетува фитнес центри. Младенците уживаат се да прават заедно.
ЛУЃЕТО КОИ ГИ САКА
Без разлика колку и да е зафатена, Kim секогаш одвојува време за својот внук Mason. Па со таква неодолива насмевка, кој не би сакал да се дружи со ова мало срце? Mason има многу тетки, но Kim е најверојатно неговата омилена.
Кога не е зафатена со снимањето на нејзиното реално шоу Kim сака да отиде на ручек со пријателите, како поп пејачката Ciara. Се надеваме овие супер успешни дами си даваат добри совети една на друга.
Kim е мета на папараците речиси секој ден, но дури и најбогатите и најславни личности понекогаш сакаат дома да однесат фотографија-сувенир од своите патувања. Kim го спакува нејзиниот фотоапарат и отпатува да ужива во Paris заедно со својата мајка, Kris Jenner.
РАБОТНИТЕ ОБВРСКИ
Покрај редовните обврски, Kim се појавува како судија-гостин во модното шоу на Heidi Klum, Project Runway. Натпреварувачките треба да го слушаат советот на Kim, бидејќи таа заедно со нејзините сестра Khloe Kardashian и Kourtney Kardashian поседува успешна модна линија наречена Kardashian Kollection.
.gif)





















.gif)























