
Разводот на Hurley со Arun Nayer беше финализиран во јуни, а двојката се состанува околу 10 месеци.
Elizabeth Hurley се движи назад на патеката кон олтарот. Дечкото на актерката, австралискиот крикет играч Shane Warne во петокот вечерта и го постави судбоносното прашање во хотелот Old Course во Шкотска.
Наводно Warne клекнал на колена и ја побарал за жена за време на вечерата во Road Hole ресторанот, а таа секако се согласила.
Двојката, заедно со синот на Hurley, Damien, го поминаа викендот во Шкотска за Alfred Dunhill Links првенството. Тие се забележани на терените за голф во саботата, а вниманието го привлекуваше големиот блескав свршенички прстен од сафир и дијамант на раката на ѕвездата.
Се уште нема официјална изјава за свршувачката, но Elizabeth на својот профил ставила слика од ресторанот и под неа напишала „Ви благодарам на сите за честитките“. Па така нејзините 194.000 Twitter следбеници го добија првиот збор околу нејзиниот променете статус.
Ова ќе биде втор брак за двајцата. Разводот на Hurley со Arun Nayer беше финализиран во јуни, а двојката се состанува околу 10 месеци.
.gif)





















.gif)























