
Поздравени од стотици фанови кои врескаа, двојката од, но и надвор од екраните изгледаше како пар вистински филмски ѕвезди во Westfield трговскиот центар.
Овој серијал на филмови ги лансираше во ѕвездите, но и ги поврза во љубовна афера. Robert Pattinson и Kristen Stewart пристигнаа заедно на британската премиера на Twilight saga Breaking Dawn: Part 1 во London вчера.
Поздравени од стотици фанови кои врескаа, двојката од, но и надвор од екраните изгледаше како пар вистински филмски ѕвезди во Westfield трговскиот центар во Stratford.
Kristen, 21, беше апсолутно прекрасна во нејзиниот долг црн фустан од Roberto Cavalli, кој светкаше до перфекција. Ова беше редок момент на гламур за актерката, која обично се појавува во куси и фанки изданија на црвениот тепих, но вчера реши дека тоа е ретка прилика вредна за раскошна тоалета.
Изненадување беше и насмевката на нејзиното лице бидејќи таа обично позира сериозна пред камерите.
Но вечерва беше значајна и по тоа што конечно му кажуваа збогум на блокбастерот, кој го доведоа на големиот екран книгите на Stephanie Meyers. Слично како и Harry Potter, тие ќе треба да го сторат ова и следната година, кога официјално за последен пат ќе биде пуштен вториот дел од финалното поглавје.
Но вечерва, се се вртеше околу првиот дел, кој ни ја носи свадбата на Bella и Edward и нејзината бременост со детето половина вампир.
Robert Pattinson, 25, имаше армија разбеснети фанови, од кои некои чекаа и по 30 часа во обид да го видат одблизу својот миленик. Тој и Kristen беа придружувани од ко-ѕвездата Taylor Lautner, 19, кој го игра Jacob Black, ривалот на Pattinson и најдобриот пријател на Bella.
NotForMen препорака: Зошто жените почнаа да се палат на вампири?
На премиерата во New York истата вечер беа присутни Ashley Greene, која ја игра Alice Cullen, Nikki Reed, ја игра Rosalie Hale и Peter Facinelli, го игра Carlisle Cullen.
Меѓу гостите на настанот беа Tamara Ecclestone, Chloe Green, ТВ водителката Caroline Flack и други.
Погледнете ги фотографиите од настанот:
.gif)





















.gif)























