
За разлика од неа пак моделот Kelly Brook отиде во спротивност и се појави во бел ангелски фустан на едно рамо.
Victoria Beckham обично успева да го привлече сето внимание кога ќе се појави во некој од нејзините дизајни, но вчера мораше да се носи рамо до рамо со најжешките млади модни фанатици на British Fashion Awards.
Триесет и седумгодишната ѕвезда пристигна во црна тоалета со готски гламур. За разлика од неа пак моделот Kelly Brook отиде во спротивност и се појави во бел ангелски фустан на едно рамо со висок секси шлиц.
Триесет и две годишниот модел го закити фустанот со убаво златно коланче и чевли со животниски принт.
Victoria Beckham, мајката на 4 деца, имаше впечатлива фризура, smoky eyes и само сјај на усните. Немаше ниту еден знак дека таа роди во јули.
NotForMen препорака: 10 фустани од Victoria Beckham
Таа јавно се заблагодари на поддршката од семејството, која ја одржува сите овие години, а пак нејзиниот сопруг David веднаш и честиташе за победата на престижните British Fashion Awards и ја пофали нејзината макотрпна работа.
Погледнете ги фотографиите од настанот:
.gif)





















.gif)























