
Фотографиите се на францускиот фотограф Sonia Sieff, а Kate се појавува во секси издание со бушава руса коса.
Ако имитирањето е најискрената форма на ласкање тогаш дизајнерот David Yurman треба да биде почестен од последната рекламна кампања на Kate Moss.
Како и да е, триесет и седум годишниот супермодел беше нападнат од овој бренд за накит кој изјави дека нејзината нова кампања е „засрамувачки слична“ на онаа во која се појави за нив пред неколку години.
Во најновата кампања Kate Moss ја презентира колекцијата накит инспирирана од нејзиниот голем број тетоважи за францускиот бренд Fred. Фотографиите се на францускиот фотограф Sonia Sieff, а Kate се појавува во секси издание со бушава руса коса.
NotForMen препорака: Kate Moss конечно се омажи
Минатата година, Kate беше фотографирана од германецот Peter Lindbergh во кампањата за пролетната колекција 2011 за David Yurman со слична фризура и пози. Токму затоа овој бренд јавно се побуни.
„Кога сте лидер во категоријата, навикнати сте да ве копираат, но вистинските потрошувачи ја знаат разликата“, изјавија тие.
Погледнете ја сличноста на фотосесиите:
.gif)





















.gif)























