
Не е изненадување што Charlize Theron се одлучи за Christian Dior. Дваесеттите беа канализирани во тоалета во крем боја.
Имаше светкава драма и прекрасна елеганција на црвениот тепих на годинешните Golden Globes. Од шокантниот розов фустан на Natalie Portman до невообичаениот крој на Charlize Theron, најжешките ѕвезди се појавија во полн моден погон на доделувањето на наградите 2012.
Не е изненадување што Charlize Theron се одлучи за Christian Dior. Дваесеттите беа канализирани во тоалета во крем боја со невообичаен крој. Актерката го зачини изгледот со лента и коса на страна.
Lea Michele се одлучи за сјај во сребрена тоалета, која ја пратеше линијата на телото. Кралицата на црвениот тепих го спои ова во храбар зелен прстен и драматична smoky eye шминка.
NotForMen препорака: Golden Globes 2011
Angelina Jolie беше типично впечатлива во сатенски фустан од Atelier Versace. Во линијата на деколтето фустанот имаше прекрасна светло црвена линија, а едноставниот кок, црвените усни и сјајните обетки го надополнија изгледот.
Кај Heidi Klum се се вртеше околу аксесоарите, градејќи го цел свој изглед околу раскошниот ѓердан од Lorraine Schwartz вреден милион долари, позајмен за настанот. Таа заврши со нежна тоалета од Calvin Klein и минимална шминка.
Погледнете ги нив, а и преостанатите 20 ѕвезди:
.gif)





















.gif)























