
Rosie е дел од Burberry тимот од нејзината 17-та година и тие се горди на нејзиниот успех.
Не можеме да се задоволиме од нашата последна мода опсесија - Rosie Huntington-Whiteley. Ѕвездата на Transformers го запали светот додека патуваше наоколу да го промовира нејзиниот нов филм.
Црвените теписи ги бомбардираше со модерни комбинации секое наредно појавување. Одлична работа е што се на неа стои еднакво убаво како и на модните писти.
За лондонската премиера на Transformers, Rosie изгледаше апсолутно елегантно во луксузна долга тоалета од Burberry. Фустанот, направен специјално за неа од Christopher Bailey, беше со длабоко тенко деколте напред и Т-линија на грбот. Таа беше грациозна и несомнено секси.
Rosie го комплетираше изгледот со свежа шминка.
Bailey за неа имаше само убави зборови: „Таа има зачудувачка убавина и неверојатно тело.“ Rosie е дел од Burberry тимот од нејзината 17-та година и тие се горди на нејзиниот успех. Моментално работат на нешто возбудливо, а најавата за истото ќе биде многу наскоро.
.gif)





















.gif)























