
Таа го меша старото со новото, високата со уличната мода и секогаш изгледа шик, но никогаш премногу тренди.
Ако Olivia Palermo се уште нема напишано моден водич, тогаш треба да го стори тоа веднаш! Поранешната ѕвезда на реалната телевизија има начин на комбинирање на облеката кој е само нејзин и тешко дека некој може да го замени.
Таа го меша старото со новото, високата со уличната мода и секогаш изгледа шик, но никогаш премногу тренди.
На еден неодамнешен настан во New York, Olivia ги покажа своите способности и новиот летен тренд на јаки бои во фустан од DKNY.
Нејзиниот фустан во 4 бои, дел од есенската колекција на брендот, има хоризонтални линии од розово, портокалово, црно и боја на праска. Тоа беше споено со Stuart Weitzman сандали со пердуви. Всушност, Olivia е кодизајнер за чевлите за колекцијата на Weitzman, Young Hollywood Cares collection. Слоевитиот ѓердан и розовата чанта плико беа крајниот детаљ.
.gif)





















.gif)























