
Силните раменици и женствената силуета ја направија Kim вистинска сирена.
Kim Kardashian обожава да работи на нејзините облини и знае како да го направи тоа. Токму затоа ја користи речиси секоја пригода да се пофали со нив.
Малата бомба беше убиствено заводлива во вечерна тоалета од Antonio Berardi за манифестацијата VH1's Do Something Awards.
Старлетата го истакна својот тенок струк со овој крем фустан, а особено со златниот метален појас. Силните раменици и женствената силуета ја направија Kim вистинска сирена.
Нејзината свадба е за само неколку дена, и иако идната невеста изгледаше прекрасно во овој крем фустан, едвај чекаме да ја видиме во белата венчаница со која ќе чекори кон олтарот оваа сабота.
.gif)





















.gif)























