
На едната страна од градите, таа ги испиша зборовите „Јас одам во крајности“.
Холивудската актерка, позната по своето проблематично однесување, Lindsay Lohan, овој пат инспирацијата ја пронајде во стиховите од песната на Billy Joel во која се потпевнува за крајностите, слични на оние, како во нејзинот животен стил.
Таа, деновиве го посети салонот за тетовирање по што ја шокира јавноста со своите нови тетоважи. На едната страна од градите, таа ги испиша зборовите „Јас одам во крајности“ што всушност е стих од позната песна на Billy Joel. Во текстот на песната се раскажува за кристалното чувство да се биде прв човек во сопствениот живот.
Позната по бурниот живот, особено во последните неколку години, неодамна на една забава, таа изјави дека тетоважата всушност е симболика за нејзината личност во суштина, нејзиното битие и главниот фокус кон кој се стреми.
Покрај оваа тетоважа, таа веќе има истетовирано ѕвезда и зборот „Здив“ на зглобот од ногата. Натписот „La bella vita“ е истетовиран на долниот дел од грбот, а зборчето „shhh“ на нејзиниот прст.
.gif)





















.gif)























