
Прекрасната актерка одбра сатенска чантичка и ја стилизираше косата на едната страна.
Gwyneth Paltrow едноставно сјаеше на Film Festival за премиерата на филмот Contagion. Русокосата убавица се одлучи за блескав Prada фустан.
Нејзината тоалета и даде акцент на убавата фигура со спуштениот струк и интересниот крој. Моментот кој го одземаше здивот беше задниот дел од фустанот кој беше во Т-дизајн со драматична панделка на нејзиниот врат, веднаш под тилот.
Прекрасната актерка одбра сатенска чантичка и ја стилизираше косата на едната страна, а изгледот го закити со светкави долги обетки, кои беа единственото парче накит на неа. Браво за изборот!
.gif)





















.gif)























