
Шоуто изобилуваше со драматични силуети, прекрасни материјали и силни принтови.
Една од колекциите на New York Fashion Week Spring 2012 беше онаа на Oscar de la Renta, претставена на 6-тиот ден од манифестацијата.
Шоуто изобилуваше со драматични силуети, прекрасни материјали и силни принтови. Со оптималната доза на женственост и гламур колекцијата е чисто совршенство.
Покрај него се појавија и редица други модни дизајнери, но ние ќе се задржиме на ѕвездите, гостинки на ова шоу, кои дојдоа да уживаат во убавите креации.
Една од нив беше Rose McGowan, која блесна како совршена убавица на овој настан. Во едната пригода се појави во ретро сив фустан со интересен крој и металик сандали, а во другата беше како симната од модната писта во крем-црвена комбинација.
Renee Zellweger се појави на Carolina Herrera шоуто во фустан со интересни набори, кок и минимална шминка и изгледаше совршено.
Ashlee Simpson пленеше со сексапил со црниот фустан, кратката коса и чантата со животински принт.
Taylor Swift беше ултра модерна во долгиот крем фустан со тантела. Лажниот боб и нејзиниот препознатлив црвен кармин без шлагот на нејзиниот изглед.
Откријте кој друг беше дел од NY Fashion Week:
.gif)





















.gif)























