
Од чевличките на Пепелашка до ултра-секси моделите, модната недела во New York беше исполнета со чевли кои го запираа здивот.
Ако Carrie Bradshaw не научи нешто, тоа е дека ништо не може да се спореди со магијата на совршените чевли!
Од чевличките на Пепелашка до ултра-секси моделите, модната недела во New York беше исполнета со чевли кои го запираа здивот.
Некои од нив можеби не би ги облекле, но сепак на слика ќе ви го задржат вниманието.
Alexander Wang подари нешто специјално за кул девојките. Оваа пролет ја најави со лушпестите сандали во виолетово-кафена нијанса, кои се идеални за дополнување на урбаната-шик гардероба.
Cushnie et Ochs ги дизајнираше идеалните чевли за модерната Барби девојка. Розовата боја во комбинација со металната потпетица се совршен спој на слатко и секси.
Carolina Herrera знае точно како да направи баланс помеѓу класичната женственост и неочекуваните модерни елементи. Погледнете ги нејзините сончево жолти сандали, со речиси невидливи каишки испреплетени кај прстите.
Victoria Beckham за да ја избалансира својата спортска колекција се одлучи за чевли од Christian Louboutin со неочекувана кожа обвиткана околу глуждовите.
Погледнете ги најзабавните чевли од NYFW пролет 2012!
.gif)





















.gif)























