
Иако доминираа фустаните за сите пригоди, нашиот омилен изглед се цигара - панталоните и машкиот шарм на кратките палта.
Инспирација за колекцијата пролет 2012 на Rachel Roy и беше Vietnam и во неа имаше изобилство од дневни и ноќни изгледи.
Презентацијата на дизајнерката беше на балконот на Lincoln Center's Avery Fisher Hall на прекрасен сончев ден во NYC.
Линијата на Rachel упатуваше на романтичарски минимализам и модерна едноставност со баланс меѓи машките и женските форми. „Јас само сакам луѓето да се чувствуваат самоуверени и паметни во моите алишта“, изјави Rachel.
Во моделите се забележуваше богато кимоно влијание и источни мотиви. Црно-белите принтови стоеја наспроти јаките тиркизни и корални бои, сите претставени со аксесоари од кожа.
Иако доминираа фустаните за сите пригоди, нашиот омилен изглед се цигара - панталоните и машкиот шарм на кратките палта.
Во публиката од познатите беше Olivia Palermo која изгледаше прекрасно во блуза со леопард принт и маслинесто кусо здолниште. Покрај неа клиенти на Rachel се и: Kim Kardashian, Molly Sims и Margherita Missoni.
Уживајте во креациите!
.gif)





















.gif)























