
Црното извиткано парче на нејзината глава повеќе изгледаше како сателитска чинија со која Parker се бореше за да ја види публиката.
Таа е добро позната по нејзиниот чуден стил во Sex And The City, но изгледа дека Sarah Jessica Parker станува се повеќе Carrie Bradshaw и надвор од екраните.
Актерката пристигна во Crown Oaks Club Ladies Luncheon во Melbourne вчера носејќи чудно парче на главата од Philip Treacy.
Четириесет и шест годишната актерка е фан од овој ирски дизајнер и одбра 2 негови дизајна за двете филмски премиери на Sex And The City во London. Како и да е, овие 2 дизајна изгледаа релативно нормално во споредба со последната шапка која ја носеше Parker вчера.
NotForMen препорака: Во чевлите на Carrie Bradshaw
Облечена во тесен Chanel фустан со големи копчиња како детали однапред , мајката на 3 дечиња изгледаше шик со пар црни високи потпетици, но својот изглед одлучи да го заокружи со огромна шапка.
Црното извиткано парче на нејзината глава повеќе изгледаше како сателитска чинија со која Parker се бореше за да ја види публиката.
Познатиот дизајнер на шапки Philip Treacy откри дека потрошил 200 часа за да го направи ова парче. „Модата е во изненадувањето, а таа е ултимативна модна икона“, изјави Treacy.
Во Australia Parker го промовираше нејзиниот последен филм „I Don't Know How She Does It“. На официјалната премиера реши да ја остави шапката дома и се појави со своите препознатливи златести бранови во косата, разнобоен фустан, бели чевли и ѓердан.
Погледнете ги фотографиите:
.gif)





















.gif)























