
За да додаде структура и софистицираност и на најрелаксираните комбинации, Lauren облекува едно од нејзините многубројни машки палта.
Од нејзиното владеење во „The Hills“ до нејзиното појавување како моден дизајнер, Lauren Conrad го привлекува вниманието со нејзиниот рафиниран уличен стил.
Сега на чело на сопственото мало царство, таа владее со прекрасната коса и Chanel чантите, па така може и да ви ги диктира 5-те must have за оваа сезона.
КОЖЕНИ ХЕЛАНКИ
Иако Lauren секаде се појавуваше во нејзините тесни фармерски, сега ретко можете да ја забележите без нејзините омилени кожени хеланки.
Без разлика дали оди на концерт или во ноќен клуб, Lauren ги користи за да додаде сексапил на комбинациите.
КУСИ ШОРЦЕВИ
Друг избор на Lauren се шорцевите. Иако ова не е најочигледниот избор за некој кој во минатото ги нарекуваше своите нозе куси, таа прави илузија на нозе од супер модел со пар чевли на високи потпетици.
За да го задржи вкусниот изглед, дури и кога носи кожени шорцеви, таа секогаш горе е покриена.
МАШКИ ПАЛТА
За да додаде структура и софистицираност и на најрелаксираните комбинации, Lauren облекува едно од нејзините многубројни машки палта.
Во комбинација со интересни аксесоари таа изгледа како модерна девојка, а не како бизнисменка. Затоа мора да имате барем едно вакво палто во вашиот плакар.
NotForMen препорака: 5 must have за секоја жена!
ЏЕМПЕРИ ВО НЕУТРАЛНИ БОИ
Не секоја позната личност го третира аеродромот како црвен тепих. Кога Lauren го прави тоа, начинот е сладок и релаксиран.
Нејзината докажана „униформа“ за патување се состои од џемпери во неутрални бои и црни фармерки, и удобни и привлечни.
НЕШТО СВЕТКАВО
Lauren ги сака удобните комбинации, но кога сака да блесне подготвена е за тоа во секоја сезона од годината.
Можете да го следите нејзиниот пример со сјајна јакничка или со флертувачки кус фустан покриен со светки.
.gif)





















.gif)























