
Без разлика дали се работи за карирано, точки или леопардов принт, Gwen обожава шарено.
Од деновите како диво дете на No Doubt до софистицираната улога на мајка и дизајнерка стилот на Gwen Stefani отсекогаш бил поинаков.
Додека сликата за неа за менуваше, таа го задржа својот препознатлив потпис. Еве која е нејзината тајна:
Играјте си со принтовите!
Без разлика дали се работи за карирано, точки или леопардов принт, Gwen обожава шарено. Така изберете силни бои и бидете препознатливи.
Бидете храбри со класичната шминка!
Ништо не е побезвремено и поударно од црвениот кармин. Искомбинирајте го како Gwen со црн туш и повремено со нежна сенка за очи.
Тајната е во деталите!
Дизајнерската мајка секогаш е комплетна од глава до петици. Комплетирајте го вашиот изглед со мачкести очила или некоја марама.
NotForMen препорака: Изглед на денот: Gwen Stefani рок гламурозна дама
Облекувајте се кежуал и комфорно!
Рокерката ги чува своите екстра елегантни вечерни тоалети за многу ретки и специјални пригоди. Тоа е едноставното правило коe ќе ви помогне да го добиете нејзиниот стил и самодоверба.
Позајмете го нејзиниот плакар!
Додека убавината на Gwen е безвременско женствена, таа сака да експериментира со машки парчиња гардероба за кои малку жени би се осмелиле.
Додадете динамика на вашиот утрешен изглед со машка капа, развлечени панталони или тешки чизми со рок шмек.
.gif)





















.gif)























