
Иако е фотографирана до италијанскиот модел Bianca Balti која има 27 и е 20 години помлада од неа, Monica повеќе изгледаше како нејзина постара сестра, а не како мајка.
Таа е мајка на 2 млади девојки и се уште може да се натпреварува во гламурот и фигурата со жена со години на половина од нејзините. Нa само на неколку години од нејзиниот 50-ти роденден, Monica Bellucci е ангажирана да глуми мајка, што дури и со голем труд беше тешко да се постигне.
Италијанскиот модел е дел од последната рекламна кампања на Dolce & Gabbana за промовирање на колекцијата пролет 2012. Таа е опкружена со членови на италијанското семејство додека ја покажува својата витка фигура во три црни фустани од тантела.
Иако е фотографирана до италијанскиот модел Bianca Balti која има 27 и е 20 години помлада од неа, Monica повеќе изгледаше како нејзина постара сестра, а не како мајка.
Кампањата е направена пред неколку месеци во италијанското гратче Portofino од фотографот Giampaolo Sgura. Режирана е лично од Dolce Domineco, едната половина од модното дуо кое го основаше брендот во 1985.
NotForMen препорака: Фудбалерите се соблекоа за Dolce & Gabbana
Monica е во брак е со францускиот актер Vincent Cassel со кој има две ќерки.
Покрај успешен топ модел, е и докажана актерка која има работено на бројни холивудски проекти.
Во нејзиниот последен проект, францускиот филм „That Summer“ таа изведува стриптиз пред камерата веднаш по раѓањето на нејзиното второ дете.
Погледнете го нејзиното семејство и кампањата на Dolce & Gabbana:
.gif)





















.gif)























