
Немаше нешто драстично или премногу изненадувачко, поголемиот дел од нив направија сигурни избори како едноставен кок или права пуштена коса.
Ѕвездите блескаа на Golden Globes 2012 со долги елегантни тоалети, некои беа тотално IN, некои тотално OUT, но имаше за сечиј вкус по нешто.
NotForMen препорака: 25 најдобро и најлошо облечени на Golden Globes
Овој пат да ги погледнеме најдобрите фризури и шминка кои ни беа презентирани таму. Немаше нешто драстично или премногу изненадувачко, поголемиот дел од нив направија сигурни избори како едноставен кок или права пуштена коса со минималистичка шминка.
Ајде да видиме како изгледаше тоа:
Charlize Theron изгледаше како божица со многу нежно розовата нијанса на шминка. Нејзината коса беше прибрана во неуредни локни на страна и прицврстена со сјајна лента.
Sofia Vergara се откажа од нејзиниот препознатлив потпис, опуштени локни, и се одлучи за долга, права, сјајна коса. Имаше smoky eyes и кармин со одлична нијанса на боровинка.
Kate Beckinsale ја носеше косата во волуменозен француски твист. Очите ги нашминка со бронзени нијанси, а усните со сјајна боја на кајсија.
Sarah Michelle Gellar изгледаше одлично со високото опавче. Нејзините кафени очи совршено прилегаа со сината сенка, а усните и беа неутрално розови.
Погледнете ги преостанатите впечатливи дами:
.gif)





















.gif)























