
Freddie Prinze Jr. се чини дека беше целосно посветен во неговите тинејџерски денови, а сега тивко работи на WWE.
Статусот на холивудска ѕвезда е непостојана работа. Еден сте ѕвезда во центарот на вниманието, а веќе следниот ве сметаат за старомодни.
Mischa Barton беше ѕвездата на серијата The O.C., а сега ја нема на радарот. Freddie Prinze Jr. се чини дека беше целосно посветен во неговите тинејџерски денови, а сега тивко работи на WWE мрежата.
Погледнете кои ѕвезди од интернационална слава прејдоа во затишје.
Сигурно и вие се сеќавате на ѕвездата од Home Alone, Macaulay Culkin, кој се сметаше за најуспешна ѕвезда дете. Овие денови тоа сепак останува неговиот главен адут на славата. Годинава беше актуелен само на 12 часа, кога се сплетка со шпанската порно ѕвезда Irene Lopez и потоа се беше по старо.
Деведесетите му појдоа од рака со тинејџерските филмови како I Know What You Did Last Summer и She's All That. Но каде е оттогаш Freddie Prinze Jr.?
Тој основа семесјтво со Sarah Michelle Gellar и работи како продуцент во World Wrestling Entertainment.
Се сеќавате со носталгија на Marissa Cooper? Mischa Barton се бори да ја поврати својата кариера после улогата на Marissa во The O.C, која заврши во 2007 година. Таа беше дел од неколку ниско буџетни филмови и од The Beautiful Life, која беше откажана после само 2 епизоди. Mischa неодамна учествуваше на неколку други кастинзи за трилери и да се надеваме дека еден ден нема повеќе да биде само O.C. девојката.
.gif)





















.gif)























