
Miranda се запозна со нејзиниот сопруг, познатиот актер Orlando Bloom, на модното шоу за долна облека на Victoria's Secret во New York во 2006 и започнаа да се состануваат кон крајот на 2007 година.
Miranda Kerr работи напорно, чекорејќи по пистите на модната недела во Paris. Но ангелот на Victoria's Secret и новата мајка се уште мора да одвои време за мајчинските должности после секое шоу.
Kerr и нејзиниот сопруг Orlando Bloom го добија Flynn Christopher во јануари. Таа се отвори пред магазинот People дека во бекстејџот на тие гламурозни модни шоуа мора да пумпа млеко од нејзините гради за малото момче.
„Се уште го дојам Flynn, па затоа морам да испумпам млеко и да му го испратам и да се обидам да го видам за време на паузите“, изјави Kerr која во вторникот чекореше за Chanel.
NotForMen препорака: 28 изданија на прекрасната Miranda Kerr
Во понеделникот таа настапуваше за Stella McCartney и и помогна фактот што Stella има ќеркичка, па може да ја разбере нејзината ситуација.
„Интересно е што ќерката на Stella, малото девојче Reiley, е речиси на иста возраст како Flynn, па тие може да започнат да се состануваат“, низ смеа додаде Kerr.
Погледнете како младата мајка изгледаше на модните писти и колку и прилегаше белата креација, дел од колекцијата пролет/лето 2012 на Stella McCartney претставена на 3 октомври 2011 во Paris, France.
.gif)





















.gif)























