
Девојката за забава Sara Leal се отвори за магазинот Us за ноќта која ја помина со Ashton Kutcher пред неколку недели.
Денови после кампинг викендот, работите станаа малку чудни во домаќинството Kutcher/Moore.
Девојката за забава Sara Leal се отвори за магазинот Us за ноќта која ја помина со Ashton Kutcher пред неколку недели и се повеќе звучи дека актерот од Two and a Half Men ќе мора да се справи со ова во блиска иднина.
Leal изјави дека Kutcher и кажал дека е разделен од неговата сопруга Demi Moore, кога се сретнале во San Diego во петокот на 23-ти септември. Според Leal, тој поканил 25 луѓе да се забавуваат во неговиот апартман до раните утрински часови на 24-ти септември, на 6 годишнината од неговата свадба.
И вели дека тие дефинитивно имале секс. „Тој кажа дека се разделени со сопругата и тоа беше сосема природно“, изјави Leal за магазинот.
Но ова не е прв пат во јавноста да излезат информации за негова афера. Прочитајте: Ashton Kutcher ја изневерува Demi?
Наводно Kutcher сакал да ја запознае добро, па дури ја прашувал за нејзиното минато и политичка ориентација.
„Тој ја стави неговата рака околу мене и започна да ми поставува прашања. Му кажав дека сум лутеранка од Texas. Тој рече: Ооо! Дали си републиканка? Јас се изненадив: Што ти го сакаш Obama? Тој рече: Да! и ме праша дали знам да именувам некои идни кандидати.“
Kutcher исто така ја охрабрувал Leal да верува дека вистинската љубов навистина постои.
Во галеријата погледнете ги фотографиите како Ashton Kutcher го напушта Roosevelt хотелот со мистериозната блондинка.
.gif)





















.gif)























