
Навистина е тешко да се одржи врска во која двајцата партнери имаат ултра успешни кариери, па затоа тие знаат да се придружуваат еден со друг на деловните патувања.
Justin Bieber и Selena Gomez јавно се појавија како двојка во почетокот на 2011. Сега, речиси година подоцна, тие позираа на црвениот тепих, патуваа низ светот заедно, но и се соочија со скандал неодамна.
Гласините за оваа романса започнаа во декември 2010. Тинејџерските ѕвезди беа забележани како се држат за раце за време на еден појадок, но се уште негираа дека нешто се случува меѓу нив.
На доделувањето на Оскарите 2011 тие конечно официјално се појавија како двојка. Прошетаа по црвениот тепих во добро искомбинирана облека и го изјавија она што веќе беше добро познато „Се состануваме“.
Заљубените птички уживаа, се капеа, па дури и се бакнуваа пред камерите на нивното романтично бегство во Maui.
Selena во една пригода изјави: „Не сакам мустаќи на тоа бебешко лице!“
Навистина е тешко да се одржи врска во која двајцата партнери имаат ултра успешни кариери, па затоа тие знаат да се придружуваат еден со друг на деловните патувања. Gomez го придружуваше своето момче во South America во септември, а тој замина со неа на нејзината турнеја неколку недели подоцна.
После скандалот за наводното неверство и бебе на Bieber со некој фан, двојката не се појави заедно на црвениот тепих на MTV EMA наградите на 6-ти ноември, но на забавата која следуваше заминаа заедно и патуваат низ Europe следејќи го големото шоу. Последен пат се забележани во Paris, која е нивната следна дестинација и дали се точни гласините за раскинувањето, останува да видиме...
Погледнете ги фотографиите од нив:
.gif)





















.gif)























