
Фотографија од пред операцијата.
Многу зборуваната операција на грлото на Adele беше посочена како најдобрата надеж за спасување на уникатниот глас на оваа пејачка. Но изгледа дека процедурата има и пропратни ефекти.
Дваесет и три годишната Adele на Twitter објави слика од себе на која е значително послаба. Таа позира со својата вообичаена шминка, но лицето и изгледа многу послабо од претходно. Нејзините обравчиња беа акцентрани со руж, но несомнено тие не изгледаат како претходно.
Можеби операцијата го направиле јадењето потешко за неа. Листата која протече од бекстејџот на нејзината откажана турнеја во North America даде увид во нејзиниот вкус. Таа барала сендвичи со пилешко, свежо овошје, шишиња мед, многу шишиња вода и палети гуми за џвакање, потоа чоколади, мусли и многу џус.
NotForMen препорака: Слаби Vs. Дебели девојки
Adele моментално бара нов дом во West Sussex за со одмор да им помогне на своите гласни жици да закрепнат од операцијата. Таа никогаш не била „party“ девојка, па лесно се согласила со барањето на докторот да се исели од градот.
Ги откажа сите ангажмани до крајот на годината и сега лондонската девојка одмора.
Погледнете ги фотoгрaфиите од неа, првата е онаа за која говориме:
.gif)





















.gif)























