
Daniel Craig освои армија фанови кога излезе разголен од океанот во минималистички костум за капење.
Daniel Craig освои армија фанови кога излезе разголен од океанот во минималистички костум за капење. И сега повторно продуцентите на новиот James Bond филм, Skyfall, се одлучија за истиот пристап и главната ѕвезда позираше со речиси ист сексапил покрај базен.
Фотографиите беа направени за време на снимањето во модерниот Four Seasons Hotel во London, но бидејќи тоа се први фотографии објавени од филмот фановите на серијалот очекуваа нешто малку повеќе акционо спакувано.
NotForMen препорака: Што да правите со гол маж?
Како и да, тие покажуваат дека Daniel успеал да се врати во одличната форма која беше обележјето на Bond, кој го претстави во 2006-тата во Casino Royale. Грбот и рацете му се брануваат од мускули додека тој одмора покрај базенот. Неговата кондиција е импресивна, особено што тој има 43 години и е релативно стар за филмска акциона ѕвезда.
После тврдењата дека се плаши од вода, мрази пиштоли и не може да управува со автомобил, фотографиите за најавата на претходниот James Bond ја избледеа негативната реакција во 2005-тата.
Најавено е дека Skyfall ќе биде промовиран на 9-ти ноември годинава.
.gif)





















.gif)























