
Се прашувате зошто ви е толку тешко да ставите крај? Па нормално е да не сакате да го скршите срцето на човекот, со кој до вчера делевте се. Но, што е тука е, си имате свои причини и во никој случај не треба да останувате со него на сила. Така само повеќе ќе го измалтретирате и раскинувањето може да биде навистина гадно.
Заклучете дали нема повеќе никакви шанси да бидете заедно. Размислете околу вашите чувства за него и како ќе ви биде утре кога нема да ви се јави. Одлуката мора да ви биде цврста.
Кога веќе не се колебате, сигурна сте дека сакате да продолжите без него, не одложувајте. Веднаш почнете да размислувате како и каде ќе му ја соопштите лошата вест.
Оваа информација морате вие да ја пренесете и никој друг. Не вмешувајте трети особи во проблемот. Многу е лошо да дознае што му спремате од некој друг, пред време.
Разговарајте на само на некое приватно место.
Многу е важен моментот и начинот на раскинувањето. Гледајте тоа да биде кога не е оптоварен со некои сериозни проблеми. Не му раскинувајте за време на кавга. Гледајте тоа да биде кога и двајцата сте смирени и разумни.
Кажете му дека сте сигурна во својата одлука, дека нема шанси да ве предомисли. Наведете ги своите причини и обидете се да му ја објасните својата одлука.
Спомнете дека сте уживале во времето додека сте биле со него и дека секогаш ќе ги паметите убавите моменти поминати со него. Укажете му дека имате друга визија за својата иднина, но дека секогаш може да ви се обрати за било што како другар.
Бидете спремна да одговорите на неговите прашања. Морате да бидете спремна да давате објаснување за се што не му е јасно.
.gif)






















.gif)























