
Колку најпрекрасно изгледа девојка со бебешка кожа. Оптегнато, мазно лице кое не кажува многу за возраста. Да не навлегуваме во скратените маки за купување соодветна пудра и времето за покривање на недостатоците. А, што е со релаксираноста на плажа или викенд на планина, кога е смешно да ставаме шминка. Подобро да престанаме и да преминеме кон наоѓање решение за нас останатите.
Квалитетен сон.
Не се мисли само на квантитетот. Секако дека задолжително се препорачуваат 8 часа, но има разлика кога. Само вечерниот сон влијае на кожата. Тогаш се опуштаат мускулите и се обновуваат клетките. Создадете потполна атмосвера за убав сон. Спуштете го ролетните ако сакате потполна темница, решете го проблемот со тој што хрчи до вас.
Носете очила за сонце.
Се препорачуваат не само во лето туку и во светлите зимски денови. Освен што ќе ве заштитат од UV зрачењето, а со тоа и од предвремено стареење, влијаат и да не ви се направат постојани линии. Се мисли на гнимасите кои ги правите, ги собирате очите и челото, додека пешачите на светлината.
Сменете ја позицијата на спиење.
Се препорачува да спиете на грб, за да не вршите притисок на лицето и да не ви се направат брчки како резултат на триење со перницата. Но, доколку не можете да заспиете на друга страна ,освен странично, тогаш купете си мека, сатенска навлака.
Не легнувајте со нечиста кожа.
Бидејќи како што кажавме кожата работи навечер, нечистотиите оневозможуваат порите слободно да дишат. На тој начин се развиваат бактерии и слободни радикали. Ова особено се однесува на лицето и легнувањето со шминка.
Овозможете хидратација.
Освен со соодветните хидратантни креми и лосиони, хидратацијата се овозможува и преку многу вода и течности.
.gif)






















.gif)























