tatooedНовата тетоважа има потреба од нега!
Покрај отсуство на инфекциите, негата гарантира поубава и повпечатлива тетоважа.
article-2070449-0F10951A00000578-222_634x452_-_CopyНајнезаборавните фустани на сите времиња
Погледнете ги фустаните кои се дел од модната библија!
crveni_usniНагласете ги усните!
Како да имате неодоливи и преубави усни?
Corbis-42-21152480_-_CopyЈакни и капути во тренд
Капутите во војнички стил и оваа сезона ќе задржат едно од трендовските места.

Што е потребно да јадете за блескава кожа?

devojki_na_treva

И овој пат ќе ја искористиме храната како лек, но во секцијата за разубавување. Доволно е да го прочитате упатството на кој било козметички производ за да се уверите дека секој од нив содржи природна состојка. Затоа ние ќе ве ограничиме на употребата токму на таа природна состојка бидејќи сите придобивки произлегуваат од неа.

Сигурно ќе успееме да го задржиме вашето внимание кога ќе ви соопштиме дека вашата кожа може да добие сјај преку храната. Нема потреба од купување производи, траума на кожата од експериментирање додека да се најде соодветниот, несакани ефекти. Башка задоволството е двојно, уживање во храната и во сопствената кожа.

Еве ја листата со продукти што дерматолозите во соработка со нутриционистите ги издвоиле како природни фактори за добивање блескава кожа. Качете се во автомобил, паричникот со вас и наместо во парфимерија, заминете на пазар.

За цврста и блескава кожа. Сигурно ви се смачи да слушате дека треба да јадете зеленчук и овошје. Но, нема така да мислите кога ќе ви кажеме дека тие успешно ја спречуваат појавата на брчки. Пигментите во боја што ги продуцираат плодовите како портокалот и доматот, се одлични антиоксиданси.

Што треба да јадете? Компири, домати, дињи.

Кои се нивните ефекти? Тие ја подобруваат одбранбената состојба на кожата да се избори со слободните радикали. Ѝ даваат доволно голем извор на антиоксиданси, за самата кожа да може да излезе на крај со сувоста и брчките.

За свежа кожа. За да не изгледате уморно, туку кожата секогаш да го има оној природен сјај и свежина, потребни се големи дози витамин Ц.

Што треба да јадете? Портокали, лимон, цитрони, пиперки. Секако е дозволено да пиете и цеден сок од овие овошја или да ги користите како додаток во десерт.

Кои се нивните ефекти? Го одржуваат нивото на витамин Ц кој е неопходен за кожата. Зошто витаминот Ц е толку значаен? Кожата содржи колаген, супстанција што ја прави затегната и отпорна на надворешни влијанија. Витаминот Ц го помага одржувањето на колагенот, кој со влегувањето во 30-тите почнува да се намалува. Затоа јадете лимон на време!

За мазна и нежна кожа. Постои конкретен протеин и антиоксиданс кој прави чуда за кожата. Единственото место каде што може да се најде е чајот. Секое утро сварете чај во чајникот и пијте го во текот на денот. 4 до 6 шолји во текот на денот се доволни.

Што треба да јадете? Во овој случај ќе речеме што треба да пиете? А тоа е зелен, црн или бел чај.

Кои се ефектите? Чаевите содржат протеини што освен што ја прават кожата мазна, ја штитат од сонцето, а најмногу од несаканите акни. Зборувавме за антиканцерогеното дејство на зелениот чај, затоа одличен е за уништување на канцерогените клетки кои евентуално може да се појават на кожата.

За обновување на кожата. Некои темни листови без разлика дали се печени, варени, пржени, изобилуваат со витамин А,  уште еден од групата витамини круцијални за кожата.

Што треба да јадете? Спанаќ, брокула, репка.

Кои се ефектите? Без витамин А кожата станува сува и стара. Витаминот А ги обновува клетките на кожата и ги храни.

За вечно млада кожа. Протеините и омега 3 масната киселина се одговорни за тоа колку кожата ќе биде затегната без брчки.

Што треба да јадете? Секаков вид риба и морски плодови. Жените задолжително еднаш неделно треба да јадат риба.

Кои се ефектите? Протеините од рибата се одговорни за ензимите и хормоните што ја прават кожата блескава. Додека омега 3 масната киселина освен што ја одржува кожата млада и еластична, ја штити од штетните сончеви зраци.




 
Банер
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Излезете и поврзете се директно со некој што е далеку. Тоа може да значи од телефонски повик до посета, но на било кој начин кажете ги вистинските зборови.                                                

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Ова не е време за големи одлуки, особено кога се во прашање парите. Ако можете одложете ги тие плаќања и спогодби на неколку дена.                                        

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

  Вашиот мозок е комплетно подготвен за денов и одличната енергија ќе ви го направи животот посладок. Денес ќе успеете да го решите речиси секој проблем со кој ќе се соочите.                                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Денес сте некако раздразливи, но има добра причина за тоа. Нешто се случило вчера или денес утринава што ве фрли во оваа фаза, но не грижете се - ќе трае само ден или два.                                    

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Вашата социјална енергија е се уште доминантна денес, па среќавајте нови луѓе. Сигурно ќе ги импресионирате сите, а и ќе го размрдате љубовниот живот.                                        

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Комуникацијата може да биде тешка денес, но се додека избирате внимателно зборови ќе ја доловите вистинската поента.                                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Ваш благослов и клетва е да гледате од двете страни на се, а денес тоа ќе се покаже на голем начин. Вашата позитивна енергија ќе владее!                                    

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Работата денес ви е покомплицирана од вообичаено, најверојатно ќе имате соочување со шефот или со важен клиент. Бидете кул и истуркајте го денот!                                        

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Вашите луѓе постојано зборуваат денес и тоа значи дека треба да појдете сами ако сакате да сторите било што. Секогаш можете да се вратите кај нив да ве пофалат за успесите.                                          

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Вашиот интелект ќе биде водечки играч денес, но не и ѕвездата. Ќе го искористите шармот за да побарате услуга и да поедноставите се.                                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Вашата интелектуална енергија ве звлижува со некој. Може да се работи за стар пријател или колега од работа, но истите интереси ќе вродат со искра кон нешто посериозно.                                            

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Ова не е добро време да се занимавате со детали. Ќе успеете да се најдете онаму каде што е потребно, но само ако се кренете над се и ја видите големата слика.                                        

23-05-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?