lezi_na_masa_i_jadeИмајте здрав појадок
Дозволете појадокот да ви даде енергија за целиот ден.
taa_jade_zdravo_d8 диетални пролетни растенија
Се обидувате да се вратите во форма? Потребно е да појдете само на едно место, на пазар!
woman_meditate_at_homeМедитација – храна за душата
Откријте зошто медитацијата ќе ве направи најпозитивната личност во друштвото!
vo_crveno_si_igra_so_jabolkaГи знаете ли овие митови за слабеењето?
Дали некогаш сте се запознале со овие митови за губењето килограми?

10 јога-вежби за по дома

Покрај пилатесот, јогата е уште едно учење што овозможува спој на телото и духот и  идеалната рамнотежа која многу тешко се постигнува. Нејзиното постоење повеќе од  3.500 години е доволен доказ за ефикасноста.

Но, постојат и научни истражувања што ги потврдуваат позитивните ефекти од оваа стара индиска вештина. Тоа што ја прави јогата поинаква од другите вештини, е тоа што освен што ја подобрува психофизичката состојба, ве учи како да го сакате своето тело и дух.

Сигурни сме дека ќе го задржиме вашето внимание ако ви кажеме дека јогата е едно од најдобрите начини за постигнување нормална телесна тежина. Освен што во текот на тренингот се губат калории, јогата го нормализира гладот и потребата од прекумерено внесување храна.

Но, тука не завршува нејзиното дејство. Спектарот на нејзиното дејствување е огромен, од намалување на болките во мускулите, лекување на депресијата, па сé до нормалното функционирање на внатрешните органи, особено срцето. Но, за тоа подетално ќе зборуваме во следна пригода. Овој пат ќе се задржиме на неколку почетни вежби.

Седнете на специјалната прекривка со исправен грб, нозете исправени во хоризонтала. Полека свиткајте го трупот и легнете со главата врз нозете со рацете држејќи се за стапалата.
Останете во истата позиција од претходната вежба, само што сега едната нога раширете кон десно. Раката, од истата страна, истегнете ја назад зад грбот, а со другата држете се за палецот, како на сликата.
Ова е класична вежба која сигурно често сте ја изведувале на часовите по фискултура. Застанете исправено, свиткајте го трупот и со дланките допрете го подот. Внимавајте нозете да останат исправени. За почеток можеби подот ќе успеете да го допрете само со прстите, но подоцна со сигурност ќе го допирате со целата дланка.
Легнете на стомак. Истегнете ги рацете зад вас. Поткренете ги нозете за да ги фатите со раце. Постојте така неколку секунди и повторете ја вежбата.
Седнете на подот и раширете ги нозете колку што може да издржите. Во таа положба почнете да ги кревате во вис. Редовно практикувајте ја оваа вежба, сé додека не успеете стапалата да ги чувате во дланките.
За оваа вежба е потребна голема флексибилност затоа бидете трпеливи додека ја совладате. Вежбата е иста како првата само што овој пат со едната нога треба да го обиколите стомакот. Со спротивната рака, зад грб, држете го стапалото.
Легнете на стомак. Постепено почнете да се качувате на раце, поткренете ја половината, а главата зафрлете ја назад. Нозете нека бидат убаво исправени и кренете се на прсти. Одлична вежба за истегнување на целото тело.
Раширете ги нозете и наведнете се надолу. Држете се за раце, но подвиткајте ги лактите. Главата спуштете ја да го допре подот. На овој начин ќе ја забрзате циркулацијата на крвта во главата и истовремено ќе ги оптегнете вратните мускули.
Обидете се на подот да направите мост.  Овој пат нема да се држите за дланките, туку ќе се обидете да ги фатите петиците. Не очекувајте вежбата да ви успее од првпат. Потребно е време мускулите да се растегнат и да постигнат одредена флексибилност. Ако избрзувате, создавате ризик да се повредите.
Легнете исправена на прекривката. Нозете споени една до друга почнете да ги кревате нагоре како кога правите свеќа. Постојте така неколку секунди и префрлете ги врз глава. Трупот треба да остане статичен и исправен.
1 вежбаСеднете на специјалната прекривка со исправен грб, нозете исправени во хоризонтала. Полека свиткајте го трупот и легнете со главата врз нозете со рацете држејќи се за стапалата.
startstop
fwd
1 / 10
bwd




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Излезете и поврзете се директно со некој што е далеку. Тоа може да значи од телефонски повик до посета, но на било кој начин кажете ги вистинските зборови.                                                

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Ова не е време за големи одлуки, особено кога се во прашање парите. Ако можете одложете ги тие плаќања и спогодби на неколку дена.                                        

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

  Вашиот мозок е комплетно подготвен за денов и одличната енергија ќе ви го направи животот посладок. Денес ќе успеете да го решите речиси секој проблем со кој ќе се соочите.                                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Денес сте некако раздразливи, но има добра причина за тоа. Нешто се случило вчера или денес утринава што ве фрли во оваа фаза, но не грижете се - ќе трае само ден или два.                                    

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Вашата социјална енергија е се уште доминантна денес, па среќавајте нови луѓе. Сигурно ќе ги импресионирате сите, а и ќе го размрдате љубовниот живот.                                        

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Комуникацијата може да биде тешка денес, но се додека избирате внимателно зборови ќе ја доловите вистинската поента.                                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Ваш благослов и клетва е да гледате од двете страни на се, а денес тоа ќе се покаже на голем начин. Вашата позитивна енергија ќе владее!                                    

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Работата денес ви е покомплицирана од вообичаено, најверојатно ќе имате соочување со шефот или со важен клиент. Бидете кул и истуркајте го денот!                                        

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Вашите луѓе постојано зборуваат денес и тоа значи дека треба да појдете сами ако сакате да сторите било што. Секогаш можете да се вратите кај нив да ве пофалат за успесите.                                          

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Вашиот интелект ќе биде водечки играч денес, но не и ѕвездата. Ќе го искористите шармот за да побарате услуга и да поедноставите се.                                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Вашата интелектуална енергија ве звлижува со некој. Може да се работи за стар пријател или колега од работа, но истите интереси ќе вродат со искра кон нешто посериозно.                                            

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Ова не е добро време да се занимавате со детали. Ќе успеете да се најдете онаму каде што е потребно, но само ако се кренете над се и ја видите големата слика.                                        

23-05-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?