
Секој брак си е посебен од проста причина што станува збор за спој на луѓе. Кога се личности во прашање, тогаш е смешно да зборуваме за сличности.
Ова секогаш треба да го имате на ум за да не се најдете во ситуација да се тешите за своите брачни проблеми преку туѓи. Ако досега неколкупати сте помислиле дека нешто не е во ред со вашиот брак, тогаш навистина не е. Не ви се потребни други примери за да ви го потврдат тоа.
За да не лутате со мислите и да се интересирате за туѓите животи, седнете и анализирајте го својот брак. Еве ги најчестите предупредувачки знаци дека со сопругот сте во неволја:
Постојано се карате. Нормално дека кавгите во брак се нормални, дури и пожелни, но секојдневното карање е нешто сосема поинакво. Прво не е здраво за вашите нерви и срце, а од друга страна создава ненадминливи разлики и омраза.
Се гледате со нов поглед во очите. Невербалната комуникација е подеднакво важна како и вербалната. Превртувањето со очите, саркастична насмевка, гледање во телевизорот додека другиот кажува нешто важно, тоа се навистина лоши потези. Понекогаш е подобро да кажете сé што ви лежи на срце, отколку да изгледате незаинтересирано.
Не сте фер играч кога се карате. Доколку темата на кавгата се парите, зошто ги мешате децата? Бидете фер и изнесувајте аргументи конкретно за проблемот. Најлесно е да делите навреди, па тоа секој го може. Внимавајте, кавгите треба да бидат продуктивни и да ве зближат, а не да ве разделат.
Повеќе не се забавувате. И постојано да се карате не е толку опасно ако на крајот од денот заедно гледате филм, излезете на кафе, отидете на гости. А таму атмосферата е одлична, се смеете, убаво ви е заедно и што е најважно не носите никаква лутина во себе.
Ретко делите интима. Ова можеби е најлошиот знак од сите. Сетете се како проблемите како сами од себе да се решаваа по два часа водење љубов. При сексуалниот чин се разменува многу позитивна енергија која го прави времето поминато заедно пријатно и посакувано.
Посреќни сте кога не сте заедно. Едвај чекате да замине на работа, на службено патување или да отиде некаде со машко друштво. Кога не е покрај вас, чувствувате некое внатрешно олеснување, расположена сте сé да правите. А кога ќе се врати, тоа е знак дека е време да си легнете в кревет.
.gif)






















.gif)
























