
Бракот денес и бракот во минатото не може да се споредат. Обајцата заработувате, обврските во домот и околу децата ви се поделени, заедно носите одлуки. Мажите не сакаат жена што само ќе готви и ќе му ги пере алиштата. Тоа стана споредна работа. Еве што е многу поважно за нив!
Верувајте во него. Покажете му дека не се плашите да се потпрете на неговата грижа и способност да го одржува и да создава за семејството.
Одвојте време за комуникација. Доволно е половина час или за време на ручекот да одвоите време за него. Прашајте го како му поминал работниот ден. Тоа нека ви стане секојдневна рутина што ќе ви се одрази позитивно.
Пофалете го кога ќе заврши некоја работа. Не оставајте работите да поминат незабележано. И да заковал една шајка, потапкајте го по рамената и гушнете го.
Прифатете го целосно. Се лажете ако мислите дека ќе можете да ги промените неговите навики. Добро, навиките постепено можеби и ќе успеете, но не и неговиот карактер. Сакајте го повеќе поради маните, отколку поради добрите работи.
Не заморувајте го со непотребни разговори. Можеби вам ви се трачари и сакате да филозофирате со него за сосетката, но тој цел ден бил на работа, уморен е и сака да се одмори. Измасирајте го, галете го, бакнувајте го додека гледате ТВ, тоа е доволно.
Почитувајте го. Иако вие сте главната домаќинка во домот, дозволете и тој понекогаш да се замеша во домашните обврски. Не превртувајте со очите кога сака да ја понуди својата помош или кога сака да ве советува.
Нека стане ваш најдобар пријател. Иако последно, ова е можеби најважно за еден брак. Покрај родители и љубовници, да станете и најдобри пријатели. Тоа е всушност и убавината на бракот.
.gif)






















.gif)
























