
Свесна сте дека веќе никогаш нема да можете да бидете истата жена и дека работите никогаш нема да бидат како некогаш. Да го знаете тоа, но како да продолжите натаму? Премногу силни се чувствата за така лесно да ги проголтате. Срам, стрес, понижување, каење, страв за иднината, самотија... само дел од списокот на тоа што лежи на вашето срце.
Без разлика кој одлучил да го прекине бракот, постојат две опции за тоа како ќе решите да живеете. Или ќе чекорите гордо и ќе се обидете да си простите себеси и на сопругот или, пак, ќе живеете во горчина до крајот на животот.
Ние ја препорачуваме првата опција. Нормално е разводот да го доживеете како личен неуспех, но тоа не е показател за тоа колку вие сте добра мајка, успешна жена и верен другар. Сетете се дека не сте сама на овој свет и дека вашето присуство некому значи.
Психолозите одвоиле 3 стадиуми во процесот на заздравување од разводот. Намерно ви ги посочивме за да ви помогнеме во заздравувањето и за да имате увид во тоа што приближно ќе следи на емоционално поле.
Прв стадиум: остра болка. Трае од 2 недели до 2 месеца. Тоа е периодот кога жената чувствува безнадежност, кога мисли дека нема излез за нејзината ситуација, а уште помалку за иднината. Се наметнува стравот од самотијата и зависноста од финансиите и самиот начин на живот.
Втор стадиум: приспособување. Трае од 2 до 6 месеци. Во овој стадиум повторно може да се забележи насмевка на лицето на жената. Разговорите во врска со претрпениот стрес и срам околу разводот веќе не се толку чувствителни. Жената не зборува со истиот степен на горчина и омраза за нејзиниот некогашен сопруг. Жените што полесно се навикнуваат на новонастаната ситуација, во оваа фаза почнуваат да бараат нов партнер.
Трет стадиум: оздравување. Трае од 1 до 2 години. Во стадиумот на оздравувањето веќе зборуваме за нова жена со нов начин на живот, нови пријатели, интереси, па можеби и нова љубов. Поучена од претходните грешки, не ризикува, а претрпената болка ја направила посилна жена со голема самодоверба.
.gif)






















.gif)
























