bebeto2Постпородилно сексуално расположение
Неколку корисни совети за тоа како да ја вратите возбудата во спалната по породувањето.
utehaaaКако да давате добри совети?
Треба да ви причинува задоволство кога некој ќе побара совет од вас, а не да гледате да побегнете.
taziceПрирачник за после раскинување
Се откажавте од мажите до 2013-та? Кажете им го тоа на пријателките, тие ќе ви помогнат.
rasprava1Како да престанете да се карате?
Силна врска е онаа во која смеете да си ги изразите негативните чувства без страв дека ќе се изгубите.

Совети како да бидете среќни девет месеци

Се вели дека бременоста е уникатно, сензационално чувство што не може да се опише туку може само да се доживее. Бидејќи не сме компетенти да зборуваме, ќе оставиме да потврдат нашите читателки што поминале низ тоа.

Тоа што со сигурност можеме да го потврдиме е дека секоја бременост е посебна. Тоа е фаза во која жената освен физички, трпи промени и на емоционален план. Под влијанието на хормоните се јавува променливо расположение.

Ако во еден момент е среќна и возбудена и силно ги чувствува мајчинските инстинкти кои ја разнежнуваат, во следниот е загрижена за тоа како ќе се одвива пораѓањето и како ќе се снајде во улогата на мајка.

Ваквото однесување е нормално и не треба да се пренебрегнува. За идните мајки и оние што можеби во моментов се во очекување, останете со нас за да научите како да влијаете на сопственото расположение, за на крајот да родите здраво и весело бебе.

Вие сте во блажена состојба, тоа е доволен факт да бидете насмеани девет месеци. Уживајте во неповторливиот период и секоја промена на вашето тело или карактер дочекувајте ја со насмевка. Сетете се на средбата со вашето бебе која наскоро треба да се оствари и работите ќе си дојдат на свое место.
Секогаш кога другите немаат разбирање за вас, обратете му се на својот најнов лексилиум. Повлечете  се насамо и почнете да разговарате со бебенцето во стомакот. Милувајте го истакнатото меше и почнете да му раскажувате приказна или да му пеете песничка. Научно е докажано дека бебињата уште додека се во утробата го слушаат гласот на својата мајка.
Убавината на бременоста е двојно поголема ако покрај вас имате партнер кој не сака да пропушти ниту еден заеднички момент или средба со гинекологот. Па не верувам дека има некој татко што не го практикува тоа. Поддршката од партнерот е непроценлива за жената, особено во тој чувствителен  стадиум од животот.
Кажете му на сопругот дека сакате да ве придружува на сите средби со матичниот лекар. Сигурно дека ќе сака да дојде и без да му спомнете. Кој би сакал да ги пропушти првите фотографии од ултразвукот. Радувајте им се и пополнете ја првата страна од албумот пишувајќи краток опис за тоа како сé се одвивало.
Свесни сте колку добар оброк знае да влијае на вашето расположение. Затоа слободно задоволувајте го апетитот. Практикувајте да јадете колку што имате потреба, без да се водите според погрешното правило, јадење за двајца. Пијте многу млеко за да ги надоместите сега веќе зголемените потреби од калциум.
Зборувајте му за промените и како се чувствувате. Практикувајте што повеќе време да бидете заедно правејќи заеднички активности. Чепкајте на нет за да погледнете некој предлог за тоа како да ја уредите собата на вашето малечко или можеби да симнете некој филм.
Во деновите кога немате друштво и по некоја случајност сте останале сама, најдете начин како да го пополните слободното време. Прочитајте некоја добра книга која ќе ве отпушти. Можете да најдете одличен избор на книги за идните мајки.
Вклучете ги и останатите во вашата бременост. Не срамите се да се јавите кај мајката, свекрвата или пријателката за да побарате некој совет или едноставно да се пожалите за потечените нозе. Побарајте го нивното друштво и поддршка кои сигурно со задоволство ќе ви ја дадат.
Ако некој друг може да ви каже не, не си кажувајте и вие. Ако имате желба нешто да каснете или некаде да отидете на пример, да почнете со часови по јога за трудници, не дозволувајте да останете со неисполнета желба. Искористете го сопругот кој е расположен да ве разгалува.
Повикајте ја својата сестра или пријателка да одите во шопинг на играчки. Освен што ќе имате можност да надоместите сé што сте пропуштиле, и двете ќе уживате во купувањето играчки бидејќи сигурно тоа не го правите често.
Овој пат имате многу поинтересна задача. Наместо да се нервирате да најдете чевли што сами сте ги креирале во вашата глава и кои речиси е невозможно да се најдат, сега треба да изберете облека за вашето бебенце. Има ли поубаво од тоа? Доволно е само да ги видите малите облеки и веднаш да се израдувате.
Смејте се без причинаВие сте во блажена состојба, тоа е доволен факт да бидете насмеани девет месеци. Уживајте во неповторливиот период и секоја промена на вашето тело или карактер дочекувајте ја со насмевка. Сетете се на средбата со вашето бебе која наскоро треба да се оствари и работите ќе си дојдат на свое место.
startstop
fwd
1 / 11
bwd




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Излезете и поврзете се директно со некој што е далеку. Тоа може да значи од телефонски повик до посета, но на било кој начин кажете ги вистинските зборови.                                                

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Ова не е време за големи одлуки, особено кога се во прашање парите. Ако можете одложете ги тие плаќања и спогодби на неколку дена.                                        

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

  Вашиот мозок е комплетно подготвен за денов и одличната енергија ќе ви го направи животот посладок. Денес ќе успеете да го решите речиси секој проблем со кој ќе се соочите.                                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Денес сте некако раздразливи, но има добра причина за тоа. Нешто се случило вчера или денес утринава што ве фрли во оваа фаза, но не грижете се - ќе трае само ден или два.                                    

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Вашата социјална енергија е се уште доминантна денес, па среќавајте нови луѓе. Сигурно ќе ги импресионирате сите, а и ќе го размрдате љубовниот живот.                                        

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Комуникацијата може да биде тешка денес, но се додека избирате внимателно зборови ќе ја доловите вистинската поента.                                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Ваш благослов и клетва е да гледате од двете страни на се, а денес тоа ќе се покаже на голем начин. Вашата позитивна енергија ќе владее!                                    

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Работата денес ви е покомплицирана од вообичаено, најверојатно ќе имате соочување со шефот или со важен клиент. Бидете кул и истуркајте го денот!                                        

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Вашите луѓе постојано зборуваат денес и тоа значи дека треба да појдете сами ако сакате да сторите било што. Секогаш можете да се вратите кај нив да ве пофалат за успесите.                                          

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Вашиот интелект ќе биде водечки играч денес, но не и ѕвездата. Ќе го искористите шармот за да побарате услуга и да поедноставите се.                                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Вашата интелектуална енергија ве звлижува со некој. Може да се работи за стар пријател или колега од работа, но истите интереси ќе вродат со искра кон нешто посериозно.                                            

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Ова не е добро време да се занимавате со детали. Ќе успеете да се најдете онаму каде што е потребно, но само ако се кренете над се и ја видите големата слика.                                        

23-05-2012
News image

Лулашка. Инструкции: партнерот нека легне на грб со нозете малку раширени, а главата под перница. Седнете врз него како кога седнувате ... Повеќе

Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?