
Сопругот ве изненадува со букет цвеќе или со романтична вечера, несомнено дека ги зголемил шансите за секс. Но, што кога ќе ја најдете куќата тип-топ средена? Садовите измиени, подот избришан, ѓубрето фрлено, ги нема фрлените чорапи да ве пречекаат уште на врата... Дали сега дефинитивно го обезбедил вашето присуство во спалната?
Навистина нé интересира вашето размислување бидејќи наидовме на интересен податок кој вели дека колку повеќе жените се задоволни од учеството на мажот околу домашните обврски, толку повеќе се заинтересирани да го наградат со секс.
Доколку маж би ја прочитал статијава, сигурно веднаш ќе сака да праша колку повеќе секс ќе добие. И еднаш во месецот е доволно. особено ако имате помали деца и едвај наоѓате време да бидете сами. Затоа кажете му дека нема да се покае ако ја фати правосмукалката в раце.
Водејќи се според некои чудни стандарди и очекувања, жената ја носи поголемата одговорност околу чистотата на домот. Не треба да чуди фактот дека сопругите се понежни и чувствителни кон мажите што сакаат да помогнат и да земат дел од товарот на себе.
Интересно е тоа што за жената треба малку. Доволно е сопругот да ја искоси тревата или да го фрли ѓубрето за таа да се почувствува дека има некој што ја цени нејзината работа и кој е подготвен да ѝ помогне.
Но, тенка е линијата кога сопругите знаат да паднат во стапица. Тогаш слободно кажете ѝ збогум на неговата помош. Потребна ви е тактика преку која ќе ја искористите неговата помош, а тој ќе сака уште повеќе да помага откако ќе ја прими секс-наградата.
Еве што не смеете да правите доколку не сакате да го избркате од кујната.
Не наредувајте му. Научно е потврдено дека мажите не одбиваат да помогнат кога жената ќе им даде конкретни насоки за обврската и притоа ги гледаат в очи со мил поглед.
Не критикувајте го. Без разлика на тоа што не ја сработил работата по ваша замисла, кажете му дека е ОК. Во спротивно нема да сака никогаш да ви помогне. Пофалете го и оставете простор да се подобри.
Не одбивајте ја неговата помош. Знаете дека ќе му треба подолго време башка ништо нема да сработи како што треба, затоа подобро е сама сé да средите. Ако вака го научите, и самиот тој ќе се увери дека не го бидува.
Еве што треба да правите доколку сакате да го задржите подолго време во кујната.
Направете план на домашните обврски. Ако така ви е полесно поделете си ги обврските околу домот. Во свои раце земете ги работите за кои мислите дека не е доволно ефикасен, а дреболиите оставете му ги нему. Тоа е сосема доволно за да почувствувате олеснување. Постепено, за да не осети, зголемувајте му ги задолженијата и дајте му време да се приспособи и да научи како да ги извршува.
Оставете да работи по свое. Секој си има своја техника на миење садови или бришење прав. Не терајте го да работи по ваши стандарди, на пример, прво да ги прибере чистите чинии пред да почне да ги мие валканите. Можеби нему така му е полесно. Важен е крајниот ефект дека садовите се измиени.
Заедно составете ги стандардите за чистење. Најдобро е заедно да донесете одлука кога, како и колку пати треба да се помине подот. Така, не ќе мора постојано да го потсетувате дека нему му ред или дека не треба со таа крпа да брише.
.gif)






















.gif)
























