
Постои примарна и секундарна неплодност. Примарната е случај кога жената никако не може да зачне, а втората е кога претходно постоела бременост, но жената не може да забремени вторпат.
И двата типа може да бидат фатални за бракот во смисла да значат негов распад. За жал, од година во година се зголемува бројот на бракови што не ја преживеале неплодноста. Студиите ја бараат одговорноста во општеството и фактот што браковите се склопуваат многу доцна. Општо е познато дека плодноста на жената се намалува со годините.
Ако и вие сте случај на неплоден брак, тогаш не кревајте раце од заедницата што со толку многу љубов ја градевте. Вашата ситуација сфатете ја како животен предизвик. На крајот ќе излезете како победник, ако успеете да ја промените свеста во вашите глави.
Има многу работи што можете да ги правите како пар наместо постојано да живеете во фрустрација и вина дека не сте во состојба да имате деца. Без разлика во кого е проблемот, последиците ги чувствувате и двајцата, затоа и двајцата изборете се да имате убав живот.
Еве како да го надминете проблемот со неплодноста:
Психичка подготовка...
Никој не вели дека е лесно, особено кога гледате како вашите пријатели се на седмо небо по доаѓањето на новиот член во нивниот дом. Но, не смеете да се повлечете во себе и да живеете во лутина. Земете ја судбината во свои раце.
Тргнете со позитивен став дека набрзо и вие ќе имате детенце. Опкружете се со пријатното друштво на луѓето што знаат да ве расположат, но и да ве сослушаат кога имате моменти на криза. Не сте сама на овој свет, борете се со здружени сили.
Сетете се на важноста на комуникацијата со партнерот. Сега мора да бидете отворени повеќе од кога било. Не смеете да дозволите тој да биде во сенка или обратно. Разговарајте за тоа колку сте подготвени да имате секс под надзор, постојано да посетувате лекари и да одите на закажаните прегледи.
Физичка подготовка...
Подгответе го телото и дајте му сé што му е потребно за да ви врати со иста мера. Заборавете на пороците и почнете да живеете здраво. Не раководете се на време, заборавете го и живејте спонтано. На тој начин добрите вести ќе стигнат побрзо отколку што мислевте.
Положете ја својата доверба на лекарите и целосно препуштете им го делот во кој не можете да дејствувате. Следете ги нивните инструкции и заедно со партнерот интересирајте се и прашувајте за секоја ситница.
Здравите навики пренесете ги во целиот дом. Многу е важно и сопругот да ве следи и усогласено да го живеете животот. Навистина би било одлично да се обидете да најдете време за спортување. Неколкуте заеднички часа освен што добро ќе ве испотат, ќе ве зближат, а несомнено ќе влијаат на квалитетот на животот.
.gif)






















.gif)
























