Без разлика дали зборуваме за летна, есенска, зимска или онаа во пролет, секоја свадба е подеднакво романтична. Едноставно, денот е таков кога сите се весели и среќни поради заедничкиот живот на две души.
Старите обично велат дека бракот е круната на љубовта, а децата се круна на бракот. Но рано е за деца, ние имаме свадба за подготвување. Ќе им помогнеме на сите девојки кои избраа есенски датум за паметење.
Нашиот совет е да внесете есенски дух во веселбата. Направете свадба со есенски мотив. Топли кафени и портокалови бои кои асоцираат на сувите лисја. Романтиката на есента ќе ја направи вашата свадба уникатна, а гостите нема да се жалат дека недостига сонце.
Есента е навистина убаво годишно време кое асоцира на семејство што приготвува зимница, љубов на двајца млади што шетаат во парк богат со суви лисја и мирис на костени. Затоа, нема зошто да се сомневате дека есенската свадба нема да биде вистински погодок.
Невестинскиот фустанЗа есенска невеста не сметаме дека чисто белата венчаница е погодна. За навистина да се чувствувате како есенска кралица, изберете раскошна венчаница со топла шампањ-боја. Половината нека биде тесна за да ја истакнете силуетата. За да не се затворите премногу, рамениците оставете ги голи. Тие ќе придонесат за дополнителна женственост и грациозност.
-
Од жените 89% изјавиле дека најнискиот маж со кој би се состанувале треба да биде повисок од нив.
...
-
Дали ме сакаш затоа што сум убава или убава сум затоа што ме сакаш?
...
-
После стапувањето во брак она што ја уништува магијата е мислата дека се поседувате еден со друг.
...