
Надвор времето е студено, но ситуацијата не е ништо подобра помеѓу чаршафите. Не ја знаете причината, но веќе подолго време ја нема неговата прегратка да ве згрее. Ситуацијата е таа и нема што многу да му ја мислите, едноставно крнете во акција.
Еве неколку трикови за да го стоплите неговото тело, но и душата.
Топла шолја чоколада...
Се вратил уморен од работа, наместо да го дочекате со расправија заменете ги илјадниците непотребни зборови со шолја топла чоколада. За време на попладневниот одмор пред телевизор, подајте му ја шолјата и кажете му дека ја направивте со голема љубов само за него. Повлечете се во својата соба, тоа е доволно за почеток.
Поглед како срничка...
Продолжете со вашата внимателност и следниот ден. Бидете тивка, не зборувајте со сто на саат како вообичаено. Погледнувајте го со длабок поглед, а потоа погледнете тажно на страна. Тоа е доволно за да сфати дека патите или дека се каете.
Варени костени и добар филм...
Некако мора да почнете и да комуницирате. Почнете со тоа што ќе му предложите заедничка дружба. На пример изнајмете филм, сварете костени и ставете ги на малата масичка во дневната. Поканете го заедно да уживате во убавиот вкус. Кога ќе почнат да му паѓаат ронки од костените, скокнете до кујната, подајте му тацна и насмевнете се!
Се се заборава под ќебе...
Дојдовме до делот на допирите. Спомнете како ви е ладно и дека цел ден сте измрзнале на работа. Кажете му дека ќе варите чај, па, ако сака да ставите и шолја за него. Отрчајте до спалната и земете ќебенце. Но овој пат стуткајте се до него и гушнете ги неговите испружени нозе.
Сепак овде се работи за вашиот сопруг кој сигурно дека нема да остане рамнодушен на својата мила женичка која сигурно многу му недостасува. Колку и да е гневен на вас, нема да издржи да не ве задева или да ве гали по косата. Знаете понекогаш и без многу зборови работите може да си дојдат на свое место.



















































