
Многу од паровите што стануваат сериозни во својата долгогодишна врска претпочитаат да живеат заедно пред да стапат во брак за да ја зајакнат својата врска и да видат дали си одговараат .
Најосновен фактор од кој зависи дали обајцата партнери се подготвени за ваков сериозен чекор и дали заедничкиот живот ќе биде успешен или не, се нивните години и психичката зрелост за таквиот чекор.
Еве неколку совети за сите што се подготвени во блиска иднина да направат ваков сериозен чекор:
Зошто е добро да живеете заедно?
Така ќе имате повеќе време и простор за вас двајца. Живеењето заедно ви овозможува простор за романса, каква што не сте имале порано. Но, исто така, постои ризик и да си здодеете еден на друг. Со оглед на тоа што ќе се гледате секој ден и секоја ноќ, ќе мора да смислите некоја стратегија со која ќе успеете да ја заштитите врската од здодевност.
Затоа искористете ја оваа можност само за напредок на вашата врска. Изненадете го со вечера кога тој ќе се врати од работа или послужете го со појадок в кревет... Ако ги одржувате работите интересни, оваа одлука ќе биде пријатно изненадување за вас.
Немојте да дозволите заедничкиот живот да ви ја одземе романтиката што ја има помеѓу вас и партнерот.
Навикнување еден на друг
Обидете се да ги прифатите неговите навики и да ги почитувате неговите желби. Комуницирајте почесто, решавајте ги проблемите со разговор, само така ќе успеете да постигнете хармонија. Пред да почнете со заедничкиот живот, усогласете ги заемните обврските. Разговарајте во врска со вашите трошоци околу заедничкиот живот и договорете се на начинот на поделба на трошоците.
Делење на просторот
Најпрво направете договор за местото на живеење. Бидете флексибилни. Не заборавајте да ги земете предвид просторот, удобноста и трошоците. Организирајте се и поделете ги обврските за одржување на станот. Немојте многу да глумите „газда" врз својот партнер, особено кога тоа се однесува на уредувањето на вашиот заеднички стан.



















































