motherСтресот од работа не носете го дома!
Направете ја приоритетна својата животна рамнотежа!
tease_menНов рецепт за успешна предигра
Мажите се палат на невини, неискусни и чесни средношколки, покажете му дека можете да бидете подобра и од тоа.
dvojkanamasaВозбудете го додека сте на вечера!
Играњето секси игри на забранети места возбудува најмногу.
potrebno16 знаци дека итно ви треба состанок
Обидете се да се сетите на последниот трезен бакнеж, ако е одамна време е за црвена тревога!

Време е да ја извадите бурмата...


hihihihih_zzzz

Од разводната парница поминаа неколку месеци. Сè уште не ви се верува дека се враќате во празен стан и дека не мора да брзате со готвење, перење и сите обврски што паѓаа на ваш грб. Да, има денови кога ви недостига тоа и кога бришете прав за да не се почувствувате осамено, но кога ќе се сетите на деновите исполнети со плач и кавги, знаете дека одлуката за развод сепак беше на место.

Каков е вашиот став за излегување со нови луѓе? Тука не мислиме на пријателките, туку на можноста да најдете нова љубов, да почнете нов живот со нов човек. Можеби мислите дека вие завршивте со тоа, но ние не сакаме да мислиме така. На тие што сè уште патат, им оставаме време, на тие што се решени да одат напред, им велиме браво, а на тие што се во недоумица им го велиме следново:

НА ГЛАС КАЖЕТЕ Ѝ ДА НА ЉУБОВТА!

Осамена сте иако имате кандидати. Се чувствувате убаво во своја кожа, задоволна сте од својот изглед и покрај доживеаниот стрес. Нормално е да посакувате човек покрај себе што ќе знае да ве цени и да го истакне убавото во вас. Зошто ја криете таа желба пред другите. Кажете ја на глас за да ја чуе целиот универзум, само така ќе дојдете до нејзиното остварување.

НЕ ВОДЕТЕ СЕ СПОРЕД ОЗБОРУВАЊАТА!

Се плашите од прстот на сосетката, а сами знаете дека таа не е ништо подобра од вас. Секој човек има свои слабости со кои не се гордее. Всушност, нема ни потреба од споредба. Никој утре нема да ви даде пехар за тоа што одлучивте целиот живот да го поминете сама. Ако на крајот испадне така, тогаш вие не сте ништо подобра од соседите од кои се жалите целиот живот. Излегува дека мислите исто како нив штом го почитувате нивното мислење.

РАЗГОВАРАЈТЕ СО ДЕЦАТА!

Ни се чини дека единствено објаснување им должите на децата, на никој друг. Повеќе од јасно е дека тие ви ја даваат смислата на животот и нема зошто тоа да го негираме овде. Затоа велиме дека не треба да бегате од нивното мислење. Соочете се со нив, не правете им го тоа зад грб, освен ако се работи за минлива авантура. Не сакате утре да ви кажат дека нивното другарче од училиште ве видело со некој чичко.

СООПШТЕТЕ МУ ЈА ВЕСТА НА БИВШИОТ СОПРУГ!

Знаете како велат, чувајте ги пријателите блиску, а непријателите уште поблиску. Многу подобра опција за вас и за децата е да имате добри односи со нивниот татко. Не само за да ви осигура финансиска поткрепа туку и за морално да ве поддржи. Многу често се случува разведените родители да ги трујат децата за едниот родител. Зошто тој да почне да им зборува на децата дека вие сте лоша мајка и дека веднаш потрчавте да најдете негова замена. Вклучувајте го во сите одлуки како и претходно и кажувајте му до каде сте со приватниот живот за да ви излезе во пресрет.



 
Unique-avgust
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Брзањето нема да ве одведе никаде денес, ако сте среќни! Ако не сте може да завршите многу поназад отколку вчера, а тоа не можете да си го доволите.

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Вашиот живот цвета како рана пролет и ќе се пронајдете себе си разговарајќи со странец во некоја интересна насока. Проверете дали луѓето се подготвени да стојат до вас!

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Имате навистина тешка листа со задачи која ви стои пред лице. Добрата вест е што ја имате потребната ментална енергија за го средите тоа. Пронајдете нов начин да ги следите работите.

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Денес силно посветете се на малите детали. Нешто не е сосема во ред, но ако вистински обрнете внимание ќе сфатите што се случува.

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Добро време е да се посветите на себе и да ја смирите социјалната енергија. Размислете одново за вашите планови и за минатото. Затворете ја вратата и најдете некое тивко место.

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес ќе достигнете сериозно кул достигнување, можеби нема ни да сфатите дека целите натаму. Истапете и направете вистинска разлика во вашиот живот.

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Ваш пријател се обидува да ве натера да ги гледате работите малку поинаку, a вашиот ум е доволно отворен да ја прифати неговата понуда. Тоа не значи дека треба целосно да се премислите!

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Обидете се поново да ја воспоставите изгубената врска, без разлика дали е професионална, пријателска или љубовна. Верувајте повторно ќе ви бидат потребни луѓето на кои некогаш целосно се потпиравте.

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Побарајте било што денес, на крај ќе излезе по ваше. Некое време ќе мора да чекорите без тоа што го сакате, но на крајот ќе го извлечете максимумот од ситуацијата.

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Дистанцата не е пречка за вашиот комуникациски стил денес, можете практично да читате умови и покрај километрите раздалеченост. Истражете ги опциите и посегнете по оние кои треба да ви ја чујат пораката.

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Не сте сосема сигурни што се случува со вашите луѓе, сите како да глумат и да ве лажат во очи. Добрата вест е што фазава нема да трае долго и работите ќе се вратат во нормала.

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Вашата најблиска врска ви го прави животот забавен денес и тоа значи дека дефинитивно сте на вистинското место да побарате услуги или помош. Време е за социјализирање!

10-02-2012
News image

Мисионерска во вис. Инструкции: започнете со стандардната мисонерска поза, тој врз вас. Во текот на сексот предложете му да се крене ... Повеќе

Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

News image

Seann William Scott

News image

Charlie Sheen

News image

Jason Priestley/Luke Perry

News image

Russell Crowe

Успеав да го добијам работното место со... (потсетување: анонимно!)