zena_so_robotНе робувајте ѝ на сопствената врска!
Почнете да живеете според правилото дека нема правила, особено во сексот!
naked_lllКако да мастурбирате?
Погледнете го следниот водич што ќе ве доведе до големо задоволство.
bozica1Бидете сами своја божица
Од денес свртете нов лист или само продолжете самоуверено да чекорите.
sredovecna3Го сакаше таа како животот свој
Оваа жена подигна 2 деца и од „мрсулави“ дечиња ги претвори во дами достојни за почит.

Како да им кажете на децата за разводот?

sad_family

Разводот неколкупати по ред беше на дневен ред. Секогаш завршувавте со заклучокот дека најдобро е за сите да се разделите. Децата беа најголемиот водич во одлуката. Всушност тоа го правите за нив. Не сакате веќе да ги будите средe ноќ со своите кавги, а уште помалку сакате да пораснат во огорчени суштества што не веруваат во љубов.

За полесно да излезете од постразводната депресија, потребно е да ги следите „Законските мерки за разведени жени“ што ќе ги најдете во новото списание Unique - го има на сите трафики. А сега да се вратиме на децата...

ЗАЕДНО СМЕ ПОСИЛИНИ...

Направете една вежба пред да ги викнете децата на разговор. Обидете се да го визуализирате моментот. Нема да штети и да имате подготвено реченици што ќе ги кажете и како ќе се однесувате со сопругот. Но, никако не правете го тоа сами. Децата многу полесно ќе ја прифатат вистината ако ја слушнат од двајцата. Прегрнете ги и потсетете ги дека сè ќе биде исто само што ќе се гледате во различни куќи.

ФАКТ Е: Ваквиот настап дефинитивно ќе има поблаг ефект за разлика од тоа да им кажете сама или уште полошо да го обвините сопругот дека тој е виновен за сè. Без разлика што разделбата беше гадна, заборавате на својата гордост и мислете на децата.

ДЕЦАТА ИМААТ ПРАВО ДА ЗНААТ...

Многу родители се разведуваат и не даваат никакво објаснување за своите постапки под изговорот дека децата се мали и нема да разберат. Можеби не разбираат, но и тоа како чувствуваат. Секое дете има право да чуе одговор на прашањето: „Каде замина тато"?

Најдете соодветни реченици што ќе одговараат на нивната возраст и обидете се да им објасните зошто отсега ќе живеат посебно и кога и каде ќе може да се дружат со нивниот татко. Не заборавајте да им кажете дека вие и понатаму исто ги сакате и дека тие немаат никаква вина за тоа што се случило.

ЗАБРЕНЕТО ВИ Е ДА:

ДА СЕ КАРАТЕ...викање еден на друг, меѓусебни обвинувања, тоа е слика што целиот живот ќе ја паметат за вас. Во иднина нека зборуваат: „Моите не се поднесуваа, но се разделија како луѓе и до ден-денес се почитуваат".

ДА ИМ ДАДЕТЕ НАДЕЖ...бидете отсечни во зборувањето, не заобиколувајте бидејќи така нема да им помогнете. Само ќе ги натерате да си помислат дека сè уште има шанси да ве видат заедно.

ДА ИМ ДАДЕТЕ ПОГРЕШНА ПРЕТСТАВА...да расчистиме, и најмирниот развод не е добар. Мора да бидете внимателни што им сервирате на децата, особено додека се мали. Не смеат да добијат претстава дека разводот е нешто добро и дека во животот може да се откажат од бракот без борба.



 
Unique-avgust

Error: Any articles to show

11-02-2012
News image

Мисионерска во вис. Инструкции: започнете со стандардната мисонерска поза, тој врз вас. Во текот на сексот предложете му да се крене ... Повеќе

Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

News image

Seann William Scott

News image

Charlie Sheen

News image

Jason Priestley/Luke Perry

News image

Russell Crowe

Успеав да го добијам работното место со... (потсетување: анонимно!)