
Кризите во брак се неизбежни, но бракот ја дава смислата на животот
Свесни сте љубовниот живот во стварноста нема допирни точки со оној од романтичните комедии, иако некаде во вас постои копнеж за таква љубов каква што доживеа Isabella Swan во филмот Twilight.
Во стварноста,за жал, љубовната приказна може да се претвори во хорор, а бракот може да испадне онаков каков што не сте го замислувале. Паровите веќе се навикнати на тоа дека некако ќе издржат заедно, но тоа понекогаш не е ниту лесно ниту едноставно.
Иако ова не звучи убаво, понекогаш најнеромантичните и најтешките моменти ве тераат да научите повеќе за себе си, за партнерот и за љубовта воопшто. Еве неколку работи во врска со бракот, што можеби никој досега не ви ги кажал, а ќе ви помогнат да не се изненадите непријатно кога ќе ви излезат на патот.
- СОПРУГОТ ПОВЕЌЕ НЕ Е МОМЧЕТО ВО КОЕ СЕ ЗАЉУБИВТЕ
Кога ќе запловите во брачните води со мислата дека сте ја нашле својата сродна душа ќе бидете среќни и исполнети, но со текот на времето ќе сфатите дека таа личност не ве прави потполно среќни секој ден и дека сте донеле избрзана одлука, бидејќи овој брак не е тоа кон што пристапивте на почетокот. Сепак бракот е тоа што го сакавте уште на самиот почеток и сетете се на она што го кажавте: „и во добро и во зло“. - ЌЕ РАБОТИТЕ ПОВЕЌЕ ОД ШТО СТЕ ЗАМИСЛУВАЛЕ
Кога некои парови велат дека на бракот и на врската треба да се работи, навистина тоа и го мислат. Не се доволни само трпението и љубовта. Луѓето во бракот се менуваат, поотпуштени се. Вие сфаќате дека вашиот партнер има лоши навики што ве нервираат, но немојте да бидете престроги кон себе или кон партнерот затоа што наскоро ќе дојде денот кога ќе се чувствувате како да се борите против сето зло на светот. - ПОНЕКОГАШ ЌЕ ЛЕГНУВАТЕ И ЌЕ СТАНУВАТЕ ЛУТИ ОД КРЕВЕТ
Кој и да е тој што им вели на ново венчаните парови да не одат лути во кревет не знае како изгледа сцена од една караница, кога доаѓаат солзите и кога ви се чини дека сите бродови ви потонале. Понекогаш сето тоа треба да се преспие. Зборовите изговорени во афектна состојба можат да ја отежнат ситуацијата. Добро е некои караници да се продолжат следниот ден, откако ќе се смирите и уште еднаш ќе размислите за се. - ЌЕ ПОМИНУВАТЕ ДЕНОВИ И ДЕНОВИ БЕЗ СЕКС...ТОА НЕКА НЕ ВЕ ЧУДИ
Периодите без секс се составен дел од брачниот живот. Таквите недостатоци не значат дека веќе не сте си привлечни еден на друг. Во денешно време луѓето премногу работат, пренатрупани се со обврски и полни со грижи. Она што не треба да го запоставите, ако веќе немате често секс, се нежностите, љубењето, прегратките, допирите, комуникацијата...а сексот ќе дојде подоцна на ред. - ЌЕ СФАТИТЕ ДЕКА МОЖЕТЕ САМО СЕБЕ СИ ДА СЕ МЕНУВАТЕ
Многу жени пробуваат да ги сменат своите партнери со кои се во брак или врска и да ги скројат по своја мерка. Заборавете на тоа и сетете се на онаа мудра изрека: "Вчера бев паметна, а со тоа сакав да го променам светот. Денес сум мудра, со тоа се менувам себе си."



















































