sakameАпел до мажите: Не сме комплицирани, сакаме...
Импресионирани сме кога не прашувате за совет и обожаваме да се држиме за рака.
emocii_copyПостара и поемотивна
Дали сега научивте вистински да живеете кога дозволивте светот да допре до вас?
sbrakmСтоп за типичните брачни караници
Доколку крај себе го имате партнерот кој совршено се вклопува во вашата замисла за идеален сопруг, тогаш воопшто не е тешко заеднички да ги градите семејните вредности.
hands_over_mouth8 ЗОШТО да молчите дека го изневеривте!
И него да го прашате дали е добро да се признае, ќе ви рече не!

Кажете му на детето дека запознавте некој!

mother_and_son

Бидејќи немавте проблем со искреноста додека патевте, нема причина зошто да се стегате сега кога конечно среќата ви е пред носот

ИСПОВЕД...

Се уште е во моите мисли, се уште копнеам во сон да го видам неговиот лик. Деновите за мене станаа пекол, а ноќите рај бидејќи само тогаш можев да се надевам дека повторно ќе дојде да ме посети во сон. Знаев дека погрешно постапувам, особено во деновите кога бев премногу слаба дури да го гушнам своето дете. Работите мораа да се сменат бидејќи чувствував како се превртува во гроб од мојата негрижа за неговото единствено чедо...

Оттогаш поминаа 5 години, денес можам да се наречам успешна самохрана мајка на 14 годишно момче. Тој се уште ни фали, но со синот направивме тим и решивме дека ќе го направиме животот убав.

Во статиите за љубов, секс, врски...сретнав совет дека хобито е добар начин за лекување на болката. Мојата загуба решив да ја ублажам со посета на курс по француски јазик. Отсекогаш имав желба да научам уште некој јазик, а посовршено време за тоа од ова немаше. Сега си велам камо да се одлучев за часови по сликање или пилатес. Да не беше проклетиот курс немаше да се најдам пред дилемата дали да го срушам мирот на мојот син и да му кажам дека сретнав некој...
Габриела Митревска (39)

Денес тешко се склопуваат парови, а уште потешко им е на оние што веќе еднаш биле во заедница, да поминуваат низ истото од почеток. Сингл родителите ќе се согласат, запознавањето не е ништо во споредба со соочување со децата.

Стравот од замена, осаменост, лош очув, озборување... за вас потполно неосновани, но за децата сосема логични. Не водете битка за тоа кој е во право, едноставно направете конекција со нивните стравови. Така несомнено ќе им помогнете да се соочат со нив, а победата ќе биде заедничка.

ИСКРЕНА КАКО И СЕКОГАШ

Бидејќи немавте проблем со искреноста додека патевте, нема причина зошто да се стегате сега кога конечно среќата ви е пред носот. Седнете и раскажете му на вашето дете како се запознавте со вашиот пријател. Приказната нека носи порака дека романсата е храна за човекот. Детето несомнено ќе ја цени искреноста и нема да сака да биде причина за вашата осаменост.

И ОВОЈ ПАТ ЉУБОПИТНА ЗА ДЕТСКИТЕ ЧУВСТВА

Прашајте го вашето чедо што мисли за тоа неговата мајка да почне да излегува на состаноци. Големи се шансите дека тоа ќе сака да ве види среќни после лошото минато. На децата им е јасно дека секој сака прегратка и бакнеж - дури и мама. Доколку не се согласува, дајте му време да се навикне на идејата, не вршете му притисок.

ПОТСЕТУВАЊЕ ЗА МАЈЧИНСКИОТ ЗАВЕТ

Потсетете го вашето дете дека промената во вашиот живот нема да значи и промена на односот. Децата најчесто се противат на ваквите врски од страв дека новодојдениот ќе го разниша мајчинскиот интерес. Тетовирајте го во неговиот мозок фактот дека вашата љубов за него е безусловна и неспоредлива.



 
Unique-avgust

Error: Any articles to show

11-02-2012
News image

Мисионерска во вис. Инструкции: започнете со стандардната мисонерска поза, тој врз вас. Во текот на сексот предложете му да се крене ... Повеќе

Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

News image

Seann William Scott

News image

Charlie Sheen

News image

Jason Priestley/Luke Perry

News image

Russell Crowe

Успеав да го добијам работното место со... (потсетување: анонимно!)