
Има малку време за вас бидејќи се почесто се случува да работи до доцна
Често се случува да покажете сомнеж кон партнерот,а тоа се манифестира поради неговите несекојдневни постапки кои не ве оставаат рамнодушни. Сакате да ја дознаете вистината, но неможете да пронајдете докази? Еве неколку знаци кои ќе ви помогнат да дознаете дали партнерот ве изневерува:
ПРОМЕНА НА РАБОТНОТО ВРЕМЕ
Има малку време за вас бидејќи се почесто се случува да работи до доцна. Има вонредни состаноци до непристојно време или можеби средби, вечери со клиенти кои сепак ви се сомнителни и за кои вашиот партнер малку зборува. Сето тоа се случува поради тоа што обично тие кои се впуштаат во љубовни превари сакаат што подолго времето да го поминат со својата нова љубов.И после сето ова секогаш има интересна приказна за тоа каде го поминал времето и со кој, за да ве смири,но не секогаш тие приказни се уверливи, а на вашите дополнителни прашања одбива да одговори или долго време смислува одговор.Ако за време на тие мистериозни состаноци не само што не одговара на вашите телефонски повици, туку и после одредено време сеуште го нема да ви се јави...тоа е голем проблем.
НЕГОВАТА ИДНИНА СО ВАС
Обично зборува за вашите идни планови,но одеднаш престанува.Зошто?Затоа што можеби повеќе не ве гледа како дел од НЕГОВАТА иднина. Можеби повеќе не е сигурен дали сака да биде со вас бидејќи во неговиот живот постои друга жена.Повеќе не го употребува изразот "ние" туку "јас", се почесто самоиницијативно ги прави работите без да побара мислење од вас, како досега, за плановите во иднина. Почнува да заборава на обврските и плановите за кои оддамна сте разговарале. Тој очекува да забележите дека самиот си е доволен на себе и обично се надева дека ќе ви здосади таквото негово однесување и дека ќе го оставите.
| 60% од мажите, порано или подоцна ќе ги изневерат своите сопруги |
ТРОШИ ПАРИ ПОВЕЌЕ ОД ВООБИЧАЕНО
Изневерувањето чини пари. Одеднаш гледате празен паричник без објаснување за потрошените пари.. Тоа е така можеби затоа што тој ги троши неговите пари на друга жена.Нормално е и општо познато дека секој маж кој има љубовница троши пари повеќе од вообичаено.Тоа може да значи дека и купува подароци,ги плаќа вечерите или хотелските соби,викендите поминати во друг град и слично. На вашето прашање "каде се парите?", кога ќе забележите дека ги нема,одговара со несигурност,двоумење, страв или можеби одговара хистерично секогаш со изговор за да ве нападне и да ја префрли вината на вас, а со тоа да си најде изговор на самиот себе за своите љубовни излети, никој не може да потроши пари без доказ.
ВАШИОТ СЕКСУАЛЕН ЖИВОТ
Сте немале секс подолго време. Вашиот сексуален живот скоро и да не постои,а сето тоа поради неговите обврски.Тој избегнува да го поминува времето насамо со вас, а секогаш кога сте заедно се однесува невообичаено,и секогаш кога може ги избегнува блиските контакти.Тој во вас не гледа сексуалност повеќе,се почесто го употребувате петингот отколку сексот поради тоа што негова желба и страст станува некоја друга жена. Пробај да го изненадиш со стриптиз или можеби со нова секси долна облека, а ако и тогаш не остане со "подзината уста"..тогаш тоа може да биде проблем. Некои мажи изневеруваат затоа што сакаат да пробаат нови сексуални искуства кои нивните постојани партнери неможат да им ги пружат.
| 50% од жените изневеруваат во брак |
ЧЕСТИ ТЕЛЕФОНСКИ ПОВИЦИ
Дека партнерот ве изневерува може да значат и се почестите телефонски разговори со (за вас)анонимни особи за кои вашиот партнер не зборува многу.Сеедно дали се работи за стара пријателка или за колешка од работа тој упорно го крие тоа пријателство и не сака да ви открива детали за него,а за запознавање не станува ни збор.Доколку вашиот партнер се повеќе време поминува пред компјутерот или го фатите како го исклучува телефонот додека е со вас или ги брише пораките кои туку што ги добил и за секое ваше нелагодување завзема одбрамбен став, тогаш тука секако има простор за сомнеж.
ПРОМЕНА НА ИЗГЛЕДОТ
Уште еден знак кој ке ви докаже дали партнерот ве изневерува е промената на неговиот вообичаен изглед. Ако тој почне да купува парфеми, нова гардероба,а посебно долна облека тоа може да значи дека на истиот начин на кој се трудел да ве инпресионира вас, сега се труди да ја инпресионира својата нова љубовница. Загрижувачки е и фактот ако одеднаш почне да посветува посебно внимание на своето тело. Ако стане опседнат со депилација (посебно таму доле) или почне страсно да вежба во теретана, бидете сигурни дека тоа не го прави само за вас. Ако забележите и дека личната хигиена му станува опсесија, односно се тушира се почесто и многу подолго од вас тоа секако е уште еден знак за сомнеж.
ПОТРЕБА ОД ПРИВАТНОСТ
Доколку вашиот партнер одеднаш добие потреба за повеќе приватност,тоа исто така може да биде знак за неверство.Тоа значи дека неговиот мобилен телефон.компјутер или неговата телфонската сметка за вас се недостапни. Обично оние кои изневеруваат, од постојаниот партнер бараат повеќе слободно време за себе или поголема приватност за да можат тоа време и внимание да и го посветат на друга жена.Сомнеж може да се јави и доколку вашиот партнер, додека е со вас, го исклучува неговиот мобилен, бидејќи може да се случи да го побара жената со која ве изневерува, или ја напушта собата за да разговара на телефон се со цел разговорот да не биде во ваше присуство.



















































